Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова помилуваше десет осуденици

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод Денот на Македонската револуционерна борба,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова по повод Денот на Македонската револуционерна борба, 23 Октомври, помилуваше десет осуденици. Еден од нив е поранешниот градоначалник на Битола, Владимир Талески, кому претседателката му скрати една година од затворската казна од која му остануваат за извршување уште околу три години.

Делумно помилување со три месеци помала казна доби и Марјан Ефремов, кој беше првообвинет во предметот „Шпион“. Меѓу делумно ослободените се и Мухарем Али, Тодор Попов, Томислав Симонов, Перо Кузмановски и Живко Делиџаков. Тие добија намалување на затворските казни по два односно три месеци.

Според одлуката за помилување затворската казна се заменува со условна осуда на Акиф Бејадин Равмановски, кој беше осуден на 15 месеци.

Покрај Равмановски, затворската казна со условна им се замени и на Никола Трпчески и Шенол Маслани.

На ваквата одлука на претседателката реагираа од СДСМ. Од опозициската партија велат дека помилувањата биле шокантни и декаСиљановска помилувала и осудени криминалци уапсени во големи полициски акции со заплени на оружје, пари и дрога.

„Ова почитувани е погазување на правото и правната држава. Ова е силен удар врз безбедноста на граѓаните и врз работата на полицијата и на надлежните институции. Клучното прашање почитувани е зошто Сиљановска Давкова, ја носи оваа скандалозна одлука. Дали власта има дил со криминалните структури кои се ставаат во нивна служба на овој начин“, праша портпаролката на СДСМ, Богданка Кузевска.

Претседателката Давкова вели дека помилувањата ги потпишала затоа што и верувала на комисијата која е составена од врвни експерти кои се воделе од законските нормативи, дека не гледале кои се личностите со име и презиме, туку ги анализирала нивните дела.

Реклама

„Веројатно тие се воделе од ова заменувајќи ги обете кај првата е година и три месеци, значи кога ги замениле овие казни со условна од три години. Да личностите се навистина интересни, во негативна смисла, тоа е факт сега гледам јас тоа, но јас гледам дека тие се воделе од конкретните дела“, рече Гордана Силљновска Давкова.  

Одлуката со помилувањата е објавена во службен весник на 22 октомври, а истата претседателот на државата ја носи по препорака на комисијата за помилување, која е постојано работно тело во служба на претседателот.

Љубиша Владимиров