Реклама

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

Македонија

Oд најпосетувана во регионот, Арсовска скопската зоолошка градина ја претвори во масовна гробница

Угината слоница, жирафа, монголски коњи, лемури, антилопи, дали зоолошката градина во Скопје…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Угината слоница, жирафа, монголски коњи, лемури, антилопи, дали зоолошката градина во Скопје станува масовна гробница? Од најразвиената и најпосетената во регионот до руинирана и со клуч на врата, една од најстарите зоолошки во Европа ги преживува најтешките години од своето речиси 100 годишно постоење.

Не така одамна во 2016 година зоолошката стана дом на слон по цели 25 години за кој беше адаптиран простор на 400 метри квадратни и за кој беа одвоени околу 26 милиони денари, како и Дино паркот кој беше изграден во 2021 година, а до пред само три години се проценува дека ја посетувале околу 14.000 посетители годишно.  

,,Во минатото пред 30/40 години фазани и патки шетаа и доаѓаа до нашите згради, имаше лавови, слонови, исто како и сега но животните не угинуваа како сега што има постојано мртви,, кажа граѓанин во анкетата која ја спроведе ТВ Алфа.

Реклама

Денес ситуацијата е целосно променета. Само во последните три години угинати се околу 40 егзотични животни, а се стравува дека бројката е далеку поголема, дел од нив како што е жирафата Каспер за кој се докажа дека угинал од батеријата салмонела  која начесто се наоѓа во контаминирана храна, е најдобар доказ за состојбата во која се наоѓа Скопската зоолошка која моментално е под клуч поради присуство на птичји грип кој ги стави вработените во целосна изолација, но за среќа не беа заразени со опасниот вирус.  

Но ова не е единствен скандал. Во последните три години променети се 3 директори од кои едниот од нив издал наредба да бидат заклани 10 коњи, а  месото од нив да се користи за храна на животните за што остро реагираа и самите вработени во зоолошката.Разрешница не доби ниту смртта на трите расни монголски коњи за кои постои сомневање дека се отруени со брзоразредувачи отров.

Граѓаните се на став дека одговорност мора да има, вината ја гледаат во моменталното раководство и град Скопје под чија надлежност е институцијата, дел од нив дури и сметаат дека во вакви услови зоолошка воопшто и не треба да има и најдобро би било да се затвори.

,,Не се грижат за животните, мислам дека најдобро би било да немаме зоолошка градина,, кажа граѓанка пред камерите.

,,Тие животни што се во зоолошката треба да бидат добро згрижение и треба да живеат нормално,, кажа уште еден граѓанин кој смета дека одговорноста е кај раководството и град Скопје.

Зоолошката во 2006 година доби статус на кандидат за членство во европската асоцијациа на зоолошки градини и аквариуми, статус кој  поради лошата инфраструктура и лошите услови во кои живеат животните, но и аквариумот кој зоолошката требаше а не го изгради, минатата година го изгуби и нема да има право да аплицира во следните 5 години, а со самото тоа нема да има можност за размена на животни со другите зоолошки од Европа.

Даниел Ѓорѓевски