Реклама

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Македонија

Онкологија ќе се децентрализира, ќе функционира како Институтот за трансфузиологија

Подобрување на скрининг програмата за болните од рак, нови протоколи и подобри…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Подобрување на скрининг програмата за болните од рак, нови протоколи и подобри улови на онкологија и за пациентите и за вработените, современа терапија за малигно болните на позитивната листа на лекови – ова се дел од барањата на пациентите кои со години се борат со најтешката болест.Сериозни проблеми има и околку новодијагностицираните, тие едвај можат да дојдат до термин за ехо на дојка и мамографија.Како главна кочница им е и долгото чекање за скен на коски.

На скен на коски…до овој момент чекаат 100 пациенти кои се од Онкологија и со приоритетен упат препратени на тоа испитување поради продолжување на терапијата.Доколку испитувањето не се направи тие се без терапија а тоа како што знаеме понатаму го комплицира нивното здравје.Проблемот бил затоа што немале изотопи велат од институцијата  – вели Ана Марјановиќ, онколошки пациент.

Министерот Таравари со децентрализација на онколошки амбуланти ќе го намалува притисокот на Клиниката.И уверува дека полека но сигурно ќе се решаваат проблемите на пациентите.

Реклама

“Ние започнаваме со децентрализација на Онкологија. Се работи во болницата „8 Септември“. Одреден кадар веќе се обучува тука на Онкологија и целта ни е да направиме мрежа  што ќе биде контролирана од Клиниката за онкологија. Значи „8 Септември“, веќе се надевам за месец ипол ќе почне и таму да се дават терапии, тоа ќе го промовираме. Во Тетово веќе се дава, во Битола се дава, во Штип се дава онколошка терапија” – појасни Таравари.

Директорот на Клиниката, вели дека Онкологија има приоритет за нови вработувања. Во тек се процедурите да се примат медицински сестри,лекари, техничари и радиолози.

И додека пациентите си ги кажаа маките за нивното лекување, ДЗР нотираше катастрофално работење на Клиниката за онкологија во 2023 година. Клучен проблем е немањето кадар на Клиниката велат ревизорите. Биолошка терапија нема за сите пациенти, туку само за 24 отсто од нив. Вкупно 35 доктори и 96 медицински персонал се грижат за речиси сите заболени од рак во државата. Во извештајот се вели дека и понатаму има недостиг од терапијата и протокол за нејзино давање.

Ања Лукарова