Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Клуч на Зоолошка: За само еден ден од техничко оперативни проблеми до опасна болест кај животните

Од техничко оперативни работи –  до зона под надзор за опасна болест…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од техничко оперативни работи –  до зона под надзор за опасна болест кај животните. На влезот на Зоолошката градина во Скопје се сменија таблите. Угинатата гуска која била пронајдена во езерцето минатата недела го вклучила алармот кај АХВ, а од Зоолошка молчеле. Од Агенцијата велат дека хуманото убивиање на птиците што веројатно биле во контакт со заразената гуска  било со цел да се спречи ширењето на вирусот и дека се било согласно закон и протоколи, а раководството на зоолошка постапило надвор од законите, бидејќи биле должни уште веднаш случајот да го пријават кај надлежен официјален ветеринар.

-Сомнежите во јавноста и споделените видеа за начинот на собирање и отстранување на затекнатата живина во одгледувалиштето се во целост со почитување на протоколите за сузбивање и искоренување на авијарна инфлуенца и Законот за благосостојба на животните и меѓународните протоколи, и коментарите по истите не е во ред да бидат коментирани од лица некомпетентни за истото. Сомнежите за ЗОО Скопје дали е извор на бактерии или вируси, дали е постапувано и до сега согласно Законските прописи, угинување на многу животни за краток временски период и низа нерегуларности ќе бидат предмет на дополнителни истражувања од надлежните органи, порачаа од АХВ

Од Агенцијата додаваат дека работат во служба на граѓаните и оти се било во насока на нивна заштита. Посочуваат и дека се случил инцидент додека инспекторите и ветеринарите биле на терен. Била побарана асистенција од МВР бидејќи вработен во градската администрација ги попречувал во работата.

Реклама

-Но, мора да се заблагодариме на вработените лица во ЗОО Скопје кои несебично ни дадоа полна поддршка и земаа активно учество во спроведување на наредените мерки, велат од АХВ.

По лабараротиската потврда за појава на вирусот птичј грип, на 15-мина од вработените им била направена епидемиолошка анкета.  Еден од  нив ќе биде тестиран дали се заразил со вирусот бидејќи во саботата пројавил симптоми , четворица ќе бидат под здравствен надзор. Од Институтот за јавно здравје свмируваат дека нема простор за паника.

Да бидам појасна, што значи здравствен надзор, здравствен надзор не подразбира карантин и изолација, туку подразбира дека во текот на следните две недели овие лица ќе бидат медицински следени дали ќе пројават било каков симптом….. Едно од овие лица на 18-ти имало некакви симптоми кои траеле еден ден, а тоа е: температура и дијареа што не значи дека тоа лице има птичји грип. Тоа лице ќе биде тестирано оти препораките од страна на епидемиолозите и микробиолозите е по појавата на првите симптоми во рок од 5 дена да се направи, изјави Андоновска

Поради заразата од птичји грип, со одлука на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоолошката градина ќе биде затворена 21 ден.

Матеја Петровски