Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

„На се’ ќе дојде крај“ на Рајко Грлиќ вечерва ќе го затвори меѓународниот филмски фестивал „Киненова“

Со прикажување на долгометражниот игран филм, „На се ќе дојде крај“ во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со прикажување на долгометражниот игран филм, „На се ќе дојде крај“ во режија на хрватскиот режисер Рајко Грлиќ, вечерва ќе се затвори 9-то издание на меѓународниот филмски фестивал „Киненова“.

Филмот е копродукција меѓу Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција и Бугарија. Станува збор за политички трилер според романот на Мирослав Крлежа „На работ на умот”. За музиката се погрижи македонскиот композитор и продуцент Дуке Бојаџи.

Актерот Јанко Поповиќ Волариќ и продуцентката Елена Станишева, пред проекцијата зборуваа за соработката и предизвиците со кои се соочиле.

Реклама

„Мене најомилен филм на Рајко Грлиќ ми е „Уставот на Република Хрватска” бидејќи ми е поблизок генерациски, а копродукцијата за овој филм „На се ќе дојде крај” ја почнавме преку Дејан Милошевски. Го прочитав сценариото, ми беше интригантно, станува збор за политички трилер, има пецкава нота и веднаш прифатив. Станува збор за регионална копродукција и ние бевме последното парче од сложувалката и филмот влезе во продукција во септември 2023 година“, изјави продуцентката Јелена Станишевска.

Поповиќ, кој за време на престојот во Македонија одблиску се запозна со македонската кинематографија, даде и краток опис за неговото творештво и работата со Грлиќ.

„И многу ми е драго што постои Рајко на чии филмови може да го видиш граѓанството. Не е само комедија на село, или социјална драма, или воена. И кога ме повика неколку пати, не знаев за што се работи и потоа ме повика на аудиција, самата таа не беше најдобра и меѓу две сцени седнавме на кафе и разговаравме со Живко Аночиќ, кој го глуми главниот лик, Макс Пинтер, а Рајко тајно не прислушкувал што зборуваме и ни рече: Е ова го сакам“, изјави хрватскиот актер Јанко Поповиќ Волариќ.

Еден од најпопуларните актери во регионот зборуваше за улогата во филмот која ја следи приказната на успешниот адвокат од Загреб кој се судира со моќен клиент поради што губи сè, па дури и сопругата.   

„Мислам дека е важен филм кој се занимава со фрустрацијата на сите нас, а всушност носи убава љубовна приказна“, рече Поповиќ.

Филмот кој вечерва се прикажува во домот на културата „Билјана Беличанец“, од 31 октомври ќе биде прикажан и во кината на „Синеплекс“. За наградите кои вечерва ќе бидат соопштени одлучува жирито во состав на режисерот Јани Бојаџи и Асимина Проедру и Дорина Оарга.

Љубиша Владимиров