Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Влезот на германскиот тур оператор „ЕР ЕС ДЕ“ ќе ја раздвижи економијата и ќе го зајакне туризмот

Влегувањето на германскиот туроператор “Ер-ес-де ” на македонскиот пазар,што ќе донесе 35.000…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Влегувањето на германскиот туроператор “Ер-ес-де ” на македонскиот пазар,што ќе донесе 35.000 туристи во земјава седната година,е огромна помош за локалната самоуправа на општина Охрид во однос на приходите кои ќе се оставарат од туристичката такса,а истовремено ќе го зајакне и туристичко-угостителскиот сектор.Балканските тури на кои ќе одат французи, германци и англичани се очекува да трошат од 30 до 50 милиони евра во Скопје и Охрид, со што за 10 до 15% ќе се зголеми сегашниот број на туристи посебно во нашата туристичка мека, вели градоначалникот Пецаков.

 “Разговараме за период кој што не е шпиц на сезона, тоа е нешто поразлично од сето она што сме го гледале во изминатите 20 години и комотно можам да кажам дека ова ќе има многу поголем импакт на туризмот во Охрид отколку она што до сега сме го добивале во текот на летниот период.А ова следи како последица на покачувањето од 4,5 евра на 12 евра за патник кој што слетува и полетува од охридскиот аеродром”-вели Кирил Пецаков,градоначалник на Охрид

Туризмолозите ги поздравија заложбите на владата и добрата практика за промовирање на Република Македонија во европски и светски рамки,со цел да се привлечат што е можно поголем број туристи. Но,она што најпривин треба да го направиме велат, е инвестирање во сместувачките капацитети оти на целата охридско-струшка ривиера нема повеќе од 17.000 легла. И ова е само еден од проблемите со кои се соочуваме.

Реклама

 “Можеби не треба да се разговара и не треба да се размислува за градење на нови капацитети, но сепак ревитализирање на постојните.Треба да имаме соодветен кадар кој што говори јазици.Во Република Македонија има само 4 лиценцирани водичи на германски јазик, на француски има само двајца во цела Македонија,еден во Охрид и еден во Скопје.Како ќе ги привлечеме, како ќе ги опслужиме истите ако не го говориме нивниот мајчин јазик”-вели проф.Климент Наумов-Факултет за туризам Охрид

Наумов сугерира да се инвестира во обука на соодветни и искусни кадри кои ќе можат достојно да ја презентираат нашата држава. Инаку првите странски туристи кои ќе ги донесегерманскиот туроператор “Ер-ес-де ” ќе дојдат во февруари идната година.

Новинар Росица Голабоска