Реклама
Прилози

Општините се подготвуваат за реализација на проектите кои се финансираат со парите од унгарскиот заем

Изградба на градинки, реконструкција на училишта, нови спортски сали, патна инфраструктура, водоводни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Изградба на градинки, реконструкција на училишта, нови спортски сали, патна инфраструктура, водоводни и канализациски мрежи, решавање на децениските проблеми на граѓаните – градоначалниците спремни за реализирање на проектите со кои аплицираа за владината помош од 100 милиони евра за оваа година и 250 милиони евра за 2025. Првите луѓе на локалните самоуправи го поздравија чекорот на владата кој според нив ќе донесе за вистински развој. Тие велат дека ова е показател за партнерскиот однос на владата кон општините и генерално кон граѓаните, а вакво освежување е потребно поради ограничениот буџет кој го имаат општините.

Oва значи решавање на повеќе децениски проекти. Аплициравме за три проекти, за два од нив чекаме согласност од Град Скопје. Кога сме кај проектите, знаеме дека ова значи многу за нашите сограѓани. Доградби на постоечки училишта. Да функциониаат во прва смена. Инфраструктура, еден е уредување на речно корито. Реконструкција на постоечки патни правци“, изјави градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓоргиевски.

Општина Центар ќе ја реконструира Спортската сала Работнички и ќе вложи во раззеленување.

Реклама

Општина Центар аплицираше на повикот на владата со основен проект за реконструкција на Спортска сала Работнички (втора фаза) и партерно и хортикултурно уредување во Градски ѕид (поточно Зелено пазарче до Улица Македонија). За Салата Работнички аплициравме во износ од 121.700.000,00 милиони денари. За партерно и хортикултурно уредување во Градски ѕид аплициравме со износ од 41.700.000,00 денари“, велат од општина Центар.

Градоначалникот на Гази Баба е дециден дека ова е историски важен проект за локалните самоуправи. Помеѓу проектите во Оваа општина се и изградва на нова детста градинка и спортска сала.

Ова е историски важен проект за општините, за вистински развој. Ова е показател за партнерски однос од владара кон општините и граѓаните. Гази Баба планира да аплицира со пет проекти, нова детсак гр во Инџигово, спортска сала во Црешево, комплетна реконструкција на Домот за култура во Ченто, афалтирање на улица 1 и улица два кај Маџари и Ќерамидница кои ќе бидат предуслов за изградба на нова детска градинка.  Формирана е работна група и работи на пополнување на формуларите за аплицирање, и ќе ја доставиме целосната документација. Единиците за локална самоуправа генерално имаат лимитирани основи за финансирање, тука се работи за инфраструктурни проекти, решавање на децениски проблеми, недостаток на атмосферска канализација, фекална канализација, нови детси градинки, спортски сали, комунална инфраструктура. Ова ќе биде особено важно за граѓаните да им бидат сервисирани потребите Почеток на еден капитален проект, нова училишна зграда. Вкупната инвестиција е 170 милиони денари. За повикот да искажам благодарност. Аплициравме со четири проекти. До крајот на годината почнуваме со реконструкција на домот во ченто, Добивме три милиони евра. За наредна година сме подготвени за дополнителни пари“, градоначалникот на Гази Бабан Стефковски.

Фактот што пари од државата добија и градоначалници чии партии не се дел од власта, говори за неселективноста во доделувањето на помошта. Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата од опозицијата.

Граѓаните го гледаат ова, како се реализираат проектите. Од ден на ден се фрлаат лопати за почеток на проектот, се пресекува лента за завршување на некој проект. За жал тие продолжуваат да не ја говорат вистината. Не само што крадеа, туку и лажат. Тие имаа можност да покажат што можат да имаат проекти. Тие што направија, само ја зголемија големината на нивниот паричник. Се што може добро да се направи, се прави. Тие ќе си продолжат да зборуваат, ќе продолжиме со реализација на проекти“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Инаку на следната владина седница ќе има продолжување на рокот за пријавување на проекти, за општините Сарај, Теарце, Струмица и за Град Скопје кои треба да ја комплетираат проектната документација.

Се бориме за секој милиметар квадратен, секое парче од Македонија ни е важно, и секаде ќе се инвестира – премиерот Христијан Мицкоски очекува следната недела да се потпишат договорите за реализација на општинските проекти финансирани од централниот буџет.

Потврдени се 270 проекти во речиси сите општини во Македонија. За владата не е важно кој градоначалник од која партија доаѓа, туку да има што повеќе капитални проекти.

На вчерашната владина седница беа потврдени повеќе од 270 проекти кои се во речиси сите општини. Ова не се проекти во кои што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ или владината коалиција, туку и градоначалници што доаѓаат од СДСМ, ДУИ или независни градоначалници, затоа што ние се бориме за секој милиметар квадратен на целата територија на државата, секое парче земја ни е важно и секаде сакаме да инвестираме. Четири милијарди до сега. Ветената сума од 6 милијарди очекуваме до крајот на годината да биде испорачана, а веќе следната година ќе има 15 милијарди, што значи од централниот буџет кон општините ќе бидат испорачани проекти од околу 21 милијарда денари“, истакна Мицкоски.

Мицкоски посочи дека на следната владина седница ќе има има продолжување на рокот за општините кои треба да ја комплетираат проектната документација.

На следната владина седница ќе има мало продолжување на рокот бидејќи во проектите на некои од општините е потребно дел од документите што недостасуваат да ги обезбедат. Мислам дека рокот ќе биде разумен, до 10 или 15 ноември да ги доподнесат проектите и откако тоа формално ќе биде завршено, очекувам и тие да бидат вклучени во првиот бран“, рече Мицкоски.

Мицкоски апелираше до трите општини- Струмица, Теарце и Сарај, како и Град Скопје, чии проекти не беа прифатени, да го искористат продолжениот рок и да поднесуат нови проекти.

Струмица беше одбиена бидејќи конкурирала со проект кој е веќе почнат, а Општина Теарце наместо официјална комунијација со Владата, одбрала да поднесе проект преку приватна имејл-адреса.

Општина Сарај за сега останува без пари поради доставена некомплетната документација, а Град Скопје, конкурирал со некомплетни проекти.