Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Акција „Премин“ – уапсени 15 царинарници и еден полицаец

Под кодното име „Премин“ полицијата растури организирана шема на 14 цариници, еден…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под кодното име „Премин“ полицијата растури организирана шема на 14 цариници, еден пензиониран царински службеник и еден полицаец.  Од сите претреси кои беа направени доцна синоќа во гевелиско-струмички регион, вкупно 26 и истрага која се водела претходно, кај осомничените се пројдени дури 50 илјади евра. Парите како мито си ги собирале дел по дел – односно за да ги заобиколат задолжителните царински процедури барале по 20, 50,70, 100 па дури 150 евра. Замишувале повеќе од година ипол што и како превезуваат возила кои ги користеле граничните премини кај струмичко Ново Село како и границата кај Дојран.

  • „Од 21.03.2023 година, па сѐ до вчера – 15.10.2024 година, со умисла извршиле повеќе временски поврзани дејствија што претставуваат повеќекратно остварување на исто дело. Тие искористувајќи ист траен однос, исти прилики и слични околности, при вршење на царински прегледи на стоката што се увезувала во државата преку граничните премини, од превозниците на стоката директно барале и примале парични средства за себе во износи од по 20, 50, 70, 100 и 150 евра, за да не извршат службено дејствие што би морало да го извршат“ велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Откако ќе го примеле поткупот и си го делеле меѓу себе, осомничените не ја вршеле работата за која се платени од државни пари и не правеле пресметка и наплата на давачките за увоз. Така, увезената стока ја пуштале во слободен промет, со намера за себе и превозниците да прибават имотна корист во замена на штета на државната каса.

  • „Јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлози за определување на мерка притвор спрема шестмина осомничени, додека за останатите десет осомничени лица предложи мерки на претпазливост – обврска за повремено јавување на определено службено лице, привремено да им бидат одземени патните исправи за преминување на државна граница и забрана за преземање на определени работни активности поврзани со кривичното дело“ велат од ОЈО ГОКК.

Според обвинителството, 14 од осомничените биле вклучени во делењето на парите кои ги зимале како мито, а двајца ја злоупотребиле и службената положба.

Реклама

Примањето поткуп ќе ги чини затворска казна од четири до десет години затвор, која е придведна во КЗ, а злоупотреба на службената положба затворска казна од  од шест месеци до три години.

Според информациите од МВР, акцијата има за цел да ги расплете нишките на сериозен криминален кој веќе подолго време е под жлупа на правосудните органи.