Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Николоски: Проектираме нов мост кај Башино село, следната година планираме да го градиме

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, при работната посета на општина Велес, истакна дека ЈП за државни патишта работи на решението за изградба на нов мост кај Башино село, еден од влезовите во Велес.

Тој во својата изјава потенцираше: “Изградбата на нов мост кај Башино село ни е изборно ветување. Во моментов ЈП за државни патишта работи на проектирање на нов мост и со буџетот за следната година очекувам да се избере изведувач кој ќе го изгради овој мост како капитален објект кој е потребен на општина Велес. Стариот мост не може да се реконструира и затоа е потребно изградба на нов мост.
Дополнително преку Македонија пат инвестираме 44 милиони денари за реконструкција на еден од влезовите во Велес а тоа е потегот од Башино село до мостот на река Вардар и следна фаза од Башино село до Велес”- истака министерот Николоски.

Тој најави бројни инфраструктурни проекти за сите опшините, оваа година подршка од Владата во висина од 100 милиони евра и 250 милиони евра подршка за следната година за општините.