Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Следната година треба да почне да се гради регионална депонија во светиниколско

Најдоцна до крајот на годината треба да биде распишан тендерот за изградба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најдоцна до крајот на годината треба да биде распишан тендерот за изградба на регионална депонија  кај светиниколското село Мечкуевци, кадешто ќе се депонира отпадот од целиот Источен и Североисточен регион. Ова е крајниот рок, но постои оптимизам, дека тоа би можело да се случи и наредната недела, бидејќи како што велат од Министерството за животна средина, во моментот тече постапката за превод на тендерската документација. По потпишувањето на договорот, регионалната депонија треба да биде готова за две години

„Потребно е да се инвестира во рехабилитација на патот којшто води до регионалната депонија и на тоа се работи. Се додека ние не покажеме дека имаме посветеност  и си ги извршуваме нашите задачи од којшто ќе зависи работењето на таа идна инсталација. Во меѓувреме ги усогласивме сите работи и  тендерот, се очекува во најскоро време да биде објавен„ изјави Ана Лашкоска, заменик министер за животна средина

Во меѓувреме проектот регионална депонија е во преоден период. Се работи на затварање и рехабилитација на старите депонии. 

Реклама

„Во овој преоден период  во рок од две години ќе има времени депонии каде што  ќе има навистина претовар или донесување на отпад од други општини, но тоа е само преоден период. Во Кочани, сега е сменета ситуацијата, изведувачот веќе работи таму и на рехабелитацијиа, такашто во конечната фаза ќе има едно централно место каде ќе има постројка и за третман и за одложување на отпадот, а депонијата во Кочани ќе се затвори конечно„ изјави Теофанис Лолос-директор на проектот

 Регионалната депонија ќе треба да опслужува околу 370.000 жители од двата региони и би имала вкупен капацитет да прими 900.000метри кубни отпад. Предвидени се да бидат изграден претоварни станици за отпад во шест општини, а во Мечкуевци да биде главната постројка каде отпадот ќе се преработува по европски стандарди.    Проектот чини околу 40милиони евра, средства обезбедени од Европската Унија. 

Александра Ристевска