Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Прилози

Ексклузивно: Полицаец сведочи за шемата на шверц на бизнисменот Крмзов

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Камиони со струмички таблички преполни со шверц на брендирана роба и скапи делови за коли секоја среда и петок се истоваарат на пазарот во Шутка, пред камерата на алфа открива поранешниот полицаец Никола Бучков. Тој е еден од групата полицајци што во ноември 2020 стопираа сомнителен камион со струмички таблички за којшто не постоле документи од царина, но како што вели, под притисок на претпоставените, шоферот не бил задржан во станица и пуштен да си тера со камионот. Бучков тврди дека во моментот кога го проверувале камионот ги провериле и регистерските таблички и тие се воделе на фирма регистрирана на кумот на Вице Заев.

Оваа изјава е дадена пред неколку месеци, но поради активна истрага на МВР, дури сега ја објавуваме. МВР веќе спроведе акција во која според последните информации уапсени се 35 цариници од Струмица и Гевгелија.

Пред четири години во Шуто Оризари, Бучков заедно со полициската група по забележување на камионот инсистирале да го проверат шоферот и документацијата од царина. Веднаш по нивното пријавување, следувале притисоци од претпоставените, сведочи Бучков.

Реклама

Бучков бил даден на дисциплинска постапка бидејќи според претпоставените од полициска станица Шутка незаконски го проверувал струмичкиот камион. Исто така тој сведочи дека поради одмазда МВР му мести ситуација дека не дозволил постапување на полициски службеници на улица, а лични министерот Спасовски му потпишал отказ. Добил клоци и тупаници од колегите од крим техника кои според него не може случајно да се нашле на лице место на улица во Струмица.

Бучков е убеден дека тогашната власт го штитела криминалот на кумот на братот на поранешниот премиер Зоран Заев, а тој случајно го затекнал камионот па поминал пекол и агонија што му ја направиле како што тврди неговите шефови.

Инаку, БЈБ на МВР, Министерство за финансии, УЈП и Јавното обвинителство пред еден месец влегоа во фирмите на струмичкиот бизнисмен Ристо Крмзов. Тој се сомничи за перење пари, двојни плаќања, незаконско постапување и даночни затајувања.