Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Се прави план како до поголеми плати во здравството

Ќе растат платите и во јавното здравство – најави министерката за финансии…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе растат платите и во јавното здравство – најави министерката за финансии Димитриевска Кочоска. Таа вели дека, додека се крои државната каса за 2025  година ќе се преговара со засегнатите страни во здравството да се обезбедат пари за медицинско – техничкиот персонал. Министерката стои зад најавите за зголемување на платите во државното здравство, но деталите ќе се знаат по изготвувањето на буџетот.

Очекуваме сега и во здравството да видиме, особено за медицинско-техничкиот персонал. Докторите ги исклучувам овде, бидејќи во минатото имаа повеќе покачување. Не велам дека, можеби, нема да бидат опфатени, но фокусот ни е повеќе на техничките служби, медицинските сестри” – рече Димитриеска-Кочоска.

Повисоки плати ќе добијат и наставниците во основно и средно образование, тие веќе идниот месец ќе ја земат октомвриската плата  поголема за 5%. Но ова е само почеток, велат од Владата. Ново покачување во образованието е предвидено и во март следната година, а платите ќе растат секоја година.

Реклама

Според проценките на премиерот Мицкоски, предвидено е во следните четири години основната плата на наставниците да се зголеми за минимум 46 проценти  или  да достигне околу 50 илјади денари.

Динамиката на зголемување на платите ќе зависи од тоа колку пари ќе се приберат во Буџетот, па процентот 46 како што кажа премиерот Мицкоски е мимумот што го очекуваат. Парите како што кажа премиерот се обезбедени со домаќинско работење и зголемена наплата на давачките во Буџетот.

Синдикатите го поздравија овој чекор, велат е напредок во социјалниот дијалот . Очекуваат до февруари да се потпише колективниот договор.