Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Силјановска Давкова пред питомците на воената академија: Грдата воена реалност повикува на будност и подготвеност

Грдата воена реалност повикува на будност и подготвеност, им порача врховната командантка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Грдата воена реалност повикува на будност и подготвеност, им порача врховната командантка на македонската Армија, Гордана Силјановска Давкова, на новите студенти на воената Академија „Генерал Михаило Апостопски“. Во време на руска агресија на Украина и конфликт на Блискиот Исток, претседателката вели – верувала дека докажаните професионалци од македонската Армија нема да дозволат воени конфликти на наше тло.

-Свесни сме за улогата на безбедносниот чадор, но и за потребата од инвестирање и развивање во сопствената армија.  Посакувам припадниците на армијата, вие да бидете ангажирани во мировни, а не во воени операции во некое идно време. Но се плашам дека грдата воена реалност, повикува на будност и потготвеност, изјави Силјановска Давкова.

28-та генерација питомци, бруцошите на воената академија положија заклетва дека ќе ја бранат слободата, суверенота, самостојноста и територијалниот интегритет на Македонија.

Реклама

-Дисциплинирано, совесно и одговорно, ќе извршувам обврските и должнстите, како бранител на мојата татковина, се вели во дел од заклетвата.

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, кажа дека изборот на младите студенти покажува дека си ја сакаат својата татковина. Изрази посебно задоволство што Армијата е институција со најголема доверба кај граѓаните.

-Живееме во динамично време, во свет на брзи промени со огромен број технолошки иновации, во време кога светот се менува речиси на секое поле, живееме во време со изменета безбедносна средина. Токму затоа бидете посветени и искористете го секое знаење и искуство кое што ќе биде пренесено од професионалниот професорски кадар, изјави Мисајловски.

Деканот Митко Богдановски на питомците им порача дека нивната заклетва не само што ги обврзува, туку им го трасира патот исполет со предизвици, но и со непроценлици можности. Според него воената професија не е лесна, но е благородна и исполнета со достоинство.

-Ова е само почеток на долг пат, пат што ќе биде исполнет со многу предизвици, но и многу успеси. Ние, вашите професори, старешини и колеги веруваме во вас и во вашиот потенцијал, горди сме на вашата одлука да и служите на нашата земја, изјави Богдановски.

Сиљановска Давкова посочи дека нашата армија е составена од професионални, мотивирани и кредибилни старешини и војници, кои во изминативе пет години како дел од НАТО, но и како дел од Партнерството за мир и бројните мисии, покажаа и се уште покажуваат и докажуваат дека можат да стојат рамо до рамо со колегите од најсилните армии и да постигнуваат највисоки резултати, одлично вршејќи ги своите задачи.

Матеја Петровски