Реклама

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Мицкоски: Кога од СДСМ ќе обвинуваат за масовна делегација, ќе потсетам дека со владите на Заев и Ковачевски оделе по 50-ина луѓе, но без резултати

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје на средби со претседателката Сиљановска Давкова и премиерот Мицкоски

Мицкоски: Нема да се повлечеме од податочните центри и антимонот, тоа е иднината на земјата

Мицкоски: Очекувам наскоро конкретизација на проектот со американската DFC

Револуција на ТВ Алфа: Вештачка интелигенција за натсинхронизација на новата серија „Бурни времиња“

Дизелот поевтинува за 4,5 денари – мерките даваат ефект, економијата може да дише

Шестмина приведени во антитерористичка акција, откриена голема количина оружје

Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува од 18 на 10 отсто

Македонија

Митева: Платите во образованието до 2028 година ќе пораснат минимум 46%, почнуваме веднаш со покачување од октомвриската плата

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата презема чекори за подобрување на животот на граѓаните во сите сфери и за таа цел, после опсежни преговори донесовме одлука да ги зголемиме платите на наставниците и професорите, и тоа: за 5% покачување почнувајќи од октомвриската плата којашто ќе биде исплатена во месец ноември оваа година, па се до февруарската плата којашто ќе биде исплатена во месец март 2025 година, истакна на денешната прес конференција Марија Митева портпарол на Владата на Република Македонија.

-Она што е важно да се напомене е одлуката на Владата да продолжи со континуиран раст на платите на образовниот кадар, па затоа се зазема став веќе во месец март 2025 година да имаме покачување на платите од 7%. Во 2026 година во месец март во зависност од состојбата на Буџетот да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%. Дополнително, во 2027 година, и тоа повторно во зависност од состојбата на буџетот, да има покачување на платите помеѓу 7 и пол и 10%, додека пак во март 2028 година покачувањето да биде помеѓу 10 и 12 и пол %.

Со овој пристап Владата се обврзува на континуиран раст на платите на образовниот кадар кој во 2028-та година би достигнал раст од минимум 46% повисока плата за сите во образовниот кадар за разлика од онаа којашто ја земаат денеска, во зависност од тоа која скала ќе биде применета, а тоа повторувам повторно ќе зависи од приходната страна на Буџетот.

Реклама

Владата и Министерството за образование и наука продолжуваат со креирање на партнерски дијалог со СОНК со кој се зазема став дека најдоцна до месец февруари идната година ќе биде донесен и Колективниот договор согласно горенаведената методологија и врз основа на истиот ќе се предвидат и овие, но и сите останати отворени прашања.

Со оваа мерка како Влада уште еднаш потврдуваме дека остануваме силен партнер, дека преку градење на искрен но аргументиран дијалог, и најважно со правична алокација на средствата од буџетот граѓаните, работниците, работодавачите и сите останати ќе имаат подобар животен стандард, а македонската држава ќе има стабилна и силна економија која тоа ќе го овозможи, рече Митева.