Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Прилози

Мицкоски: Владата е партнер на синдикатите и работодавачите, продолжуваме со соработка – Се одржа првата седница на ЕСС

Синдикатите бараат поголеми плати, работодавачите мерки за раст на продуктивноста, владата прибира…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Синдикатите бараат поголеми плати, работодавачите мерки за раст на продуктивноста, владата прибира пари во буџетот – се одржа првата седница на новиот економско социјален совет по промената на власт на која беа поставени барањата од сите засегнати страни .

Премиерот Мицкоски на работодавачите и синдикатите им вети дека Владата е и ќе биде нивен партнер . Тој  во своето обраќање посочи дека затекнале катастрофална состојба во државната каса и првата задача на Владата била да се приберат повеќе пари. Заклучно со 24 јуни недостигале 30 милијарди денари во Буџетот, а кон приватниот сектор до сега имало неплатени овбрски во износ над 200 милиони евра, изрази жалење што советот претходно не бил вклучен во кроењето на државната каса

„Можеби за првпат се случува некоја влада во првите 100 дена да биде така жестоко нападната од страна на синдикатите и организацијата на работодавачи. Не знам кои беа причините и мотивот. Бев шокиран и изненаден, имајќи предивид дека наследивме распадната држава. Наследивме буџетска сметка со 200 милиони евра во минус или 12 милијарда денари. Девизна сметка на која имаше само 47 милиони евра. 71% потрошен дефицит од планираниот, а помината само половина година. Состојбата беше повеќе од катаклизмична“ – кажа Мицкоски,

Реклама

На чело на ЕСС ќе биде министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Тој порача дека во иднина сите одлуки, мерки и закони ќе се носат транспарентно во рамки на советот

„Ќе ги слушнеме барањата и од синдикатите и од работодавачите, од сите засегнати страни, па на крај ќе донесеме заеднички одлуки и мерки затоа што сите страни имаме една цел, а тоа е подобрување на стандардот на нашите граѓани“ – Бесар Дурмиши, министер за економија и труд

Синдикатите на денешниот совет на работодавачите им кажале дека мора да се потпише општиот колективен договор за приватнот сектор, а од Владата очекуваат забрзан раст на платите.

„На Владата и пренесовме дека работниците очекуваат пораст на платите со забрзано темпо. На работодавачите од приватниот сектор им укажавме дека потпишувањето на општиот колективен договор за приватниот сектор е неопходно да се случи што е можно побрзо, за што веќе имаме започнато и дијалог. Сметаме дека тоа што го дискутиравме денеска на седницата на економско социјалниот совет би требало да даде резултати во многу скоро време“ – Слободан Трендафилов, претседател на ССМ

Според организацијата на работодавачи растот на платите треба да го следи развојот на продуктивноста, тие се против паушално зголемување на минималецот . Бизнисот пак очекува во иднина да се разговара и за даночните политики

Ние најмногу би сакале да разговараме за недостатокот на работна сила, зголемување на продуктивноста, да најдеме механизми како да работиме на зголемување на продуктивноста. Со тоа ќе ја намалиме сиромаштијата, ќе го намалиме бројот на луѓе кои примаат минимална плата и сите да бидат позадоволни и посреќни бидејќи минималната плата е за почетниот работник. Сето останато треба да биде заслуга на продуктивноста на вработените во една компанија“ – Владанка Трајкоска, претседател на Организација на работодавачи

Покрај министерот Дурмиши членови кои се именувани од страна на владата во новиот економско социјален совет се министерот за социјална работа, демографија и млади, министерката за финансии и министерката за образование.