Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Тошковски и Дачиќ во Куманово: Заеднички граничен премин и борбата со мигрантите главни цели

Заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Србија и борбата со нелегалната миграција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заедничкиот граничен премин меѓу Македонија и Србија и борбата со нелегалната миграција. Ова се главните теми на кои во Куманово разговараа министрите за внатрешни работи од двете земји, Панче Тошковски и Ивица Дачиќ. Иако договорот за заеднички премин кој беше птпишан во 2019 година, а со кој требаше да се намали огормниот метеж кој го има на Табановце, ни по пет години не е реализиран. Тошковски вели вината треба да се бара кај нас, бидејќи Србија завршила се, а ние со години не сме направиле ништо. Планот е од следната летна сезона конечно да биде во функција.

-Јас како и секогаш ќе бидам малце брутално искрен,  кај нас е кабаетот, како и за се друго, како што е кај на нас кабаетот што не го воспоставиле „one stop shop“ системот со Република Албанија, Косово и со Република Србија, кабаетот е во Македонија, заради тоа што и во овој случај имаме потпишано договор 2019-та година. Србија е спремна во целост и со техничко решение и со се, а ние сме си спиеле како што во минативе години е добро познато како факт за преземање на дејствија од македонската страна, изјави Тошковски.

Нелегалната миграција е еден од најголемите проблеми со кои се справуваат и Србија и Македонија, кои се на рутата на мигрантите до големите европски земји. Според двајцата министри на ова поле мора да има помош од Европската Унија, бидејќи и во двете држави тие доаѓаат од членки на ЕУ, Бугарија и Грција.

Реклама

-Оваа година спречивме околу 7.000 нелегални преминувања на нашата граница. Работевме многу да го намалиме бројот на нелегални преминувања. Добивме пофалби за тоа Европската комисија и Европската Унија. Но и Македонија и Србија го имаат тој проблем, а тоа е дека мигрантите ни доаѓаат од Европската Унија, изјави Дачиќ.

На сребата се разговарало за повеќе теми, а и двајцата министри се едногласни дека соработката меѓу македонската и српската полиција е одлична. Најавија нејзино продлабочување со повеќе оперативни соработки.

Матеја Петровски