Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Дисбалансот на ДУИ за балансерот

 Двојни аршини од Мала Речица. Едно на власт – друго во опозиција.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Двојни аршини од Мала Речица. Едно на власт – друго во опозиција. Балансерот грубо се злоупотребуваше додека интегративците беа во Влада, сега неговото укинување е црн ден во македонската историја. Партијата на Али Ахмети во 2023 во Собранието ,дала согласност за стратегија во јавната админмистрација, во која е наведено дека  стучноста,  компетентноста и родовата еднаквост ќе бидат примарни освен при вработувањето и во  унапредувањето. Сепак, ставот се смени кога веќе не се на власт и укинувањето на балансерот за нив е причина за протести кои ги најавуваат подолго време.

  • „На овој начин, од една страна се надминува потребата од примена на алатката наречена „балансер“, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците. Со објективни критериуми и постапки на отворен натпревар за избор на најдобриот кандидат, спроведени од професионалци во администрацијата кои поседуваат висок степен на стручност и интегритет ќе се направи брана од политичкото влијание..“ се наведува во Статегијата за реформа во јавната администрација 2023/2030.

Во поддршка на Ахмети против одлуката на Уставен застана и Села. Тој свика прес конференција во Собранието од каде гласно зборуваше за можна дестабилизација на Македонија. Ги повика стратешките партнери  да се вклучат во изнаоѓање на решение,иако пораките од Европската Унија беа во насока на укинување на „балансерот“. Имено  Европската комисија во последниот извештај наведува дека, алатката  веќе не ги исполнува целите и дека формулата не ги одразува пописните податоци за населението кое живее во земјата”.  

  • „Кога веќе се удира врз овие важни темели на државата ги повикувам стратешките партнери, САД и ЕУ, да се најде заедничко решение со политичкиот партнер во државата.  

Од ВМРО-ДПМНЕ кои во изминатиот период се залагаа за укинување на балансерот поради бројните злоупотреби кои беа правени од претходната власт, порачаа дека Време е квалитетот да го земе приматот во вработувањата под државна капа.

Реклама
  • „Се надминува потребата од примена на алатката наречена ‘балансер’, која во пракса предизвикува бројни злоупотреби, а од друга страна останува примената на начелото на соодветна и правична застапеност на припадниците на заедниците... ДУИ не изусти ниту збор, а на пак реакција за балансерот кога лани официјално беше промовирана новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) усвоена од владата со која тие управуваа и раководеа“ рече Лефков – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Од коалицијата ВРЕДИ со став дека ќе се најде механизам во сите државни институции да има етничка и полова застапеност.

  • „Многу едноставно ќе се најде механизам, кога етничката припадност е уставна категорија, ни треба нов закон. Со законот ќе се предвидат не само етничката туку и половата и секаква друга еднаквост во институциите на системот. Законот е готов од наша страна, очекуваме и мислења, кои доаѓаат од меѓународни експерти и од Европската комисија, и се надевам набргу ќе го процесираме овој закон во парламентот“, рече министерот Таравари.

По укинувањето на „балансерот“ претседателот Дарко Костадиновски порача одлуката на уставните судии да не се политизира и етнизира, но интегративците не се воздржаа. Па синоќа, организираа и протест со 50-тина поддржувачи пред Уставниот суд.