Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Прилози

Со првите академски часови симболично се одбележа почетокот на академската година

Почна академската година на сите државни Универзитети. Новите студенти со големи очекувања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Почна академската година на сите државни Универзитети. Новите студенти со големи очекувања влегуваат во амфитеартите и предавалните.

Токму одливот на квалификувани кадри и оптшо иселувањето на младите е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Македонија. Порака дека иднината треба да ја градиме и бараме овде упати претседателот на студентската организација на УКИМ Александар Николовски.

„Наша задача е да се бориме за промени, но ваша задача е да не мотивирате да не задржите и да ни ги дадете сите шанси промените да ги направиме тука, а не во странство“, рече Александар Николовoски претседател на Студентската организација 

Реклама

На првиот академски час на најстариот, најголемиот и најдобриот универзитет во Македонија, Свети Кирил и Методиј, се обрати и премиерот Христијан Мицкоски. Тој им порача на студентите дека се иднината на оваа држава и вети конкретни проекти кои ќе го унапредат образованието, нова опрема и реконструкција на лабораториите на дел од факултетите, дигитализација на универзитетската администрација.

„Прво, планираме значително да го модернизираме инфраструктурниот капацитет на нашите универзитети. Веќе започнуваме со институционални ангажмани за натамошна реконструкција на лабораториите на некои факултети во дел од нашите Универзитети низ земјата, каде ќе се постават најсовремени опрема и технологии кои ќе им овозможат на студентите да стекнат практични вештини во склад со потребите на современата индустрија“, рече претседателот на Владата Христијан Мицковски.

Претседателската Гордана Сиљановска – Давкова порача дека ќе се залага за зголемување на финансиите за науката и Универзитетите и дека најдобра инвестиција на една држава се младите.

„Посакувам да ја преиспитаме мрежата на огромниот број студенти, посакувам да ги лоцираме парите во најдобрите универзитети. Посакувам да ве задржиме, бидејќи подобра инвестиција од оние кои се најдобри нема“, рече Гордана Силјановска претседателка на Република Македонија

Во Македонија има сè помалку студенти, а оние што одлучуваат високото образование да го завршат на домашните универзитети, ги преферираат информатичките науки и медицината. Истражувањето на Центарот за граѓански комуникации покажува дека за последните десет години, бројот на студентите се намалил за седум илјади, односно за 12 отсто.

Љубиша Владимиров