Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Досегашните чекори и мерки на владата во делот на економијата наидоа на одобрување кај граѓаните

Пропаднаа обидите на опозицијата да фрли дамка на заемот од Унгарија со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пропаднаа обидите на опозицијата да фрли дамка на заемот од Унгарија со шпекулациите дека ќе влијае негативно на македонската економија и дека граѓаните нема да почувствуваат никакви промени на подобро. Мнозинството граѓани контра ваквите тврдења.Според последната анкета на Маркет Вижн, за порталот МКД.мк  најголем дел од анкетираните, гледаат позитивно на финансиската инјекција од Унгарија, пари кои ќе бидат од помош за бизнисот и за општините.

41,2 отсто од испитаниците гледаат позитивно на унгарската позајмица, а 31,1% сметаат дека оваа владина одлука е негативна. 27%  биле без конкретен одговор.

Линеарното покачување на пензиите кое беше предизборно ветување е позитивна владина мерка за најголем процент од анкетираните граѓани. Дури 76,8 отсто одговориле дека мерката е добра, а само 16,6 отсто од испитаниците одговориле дека оваа мерка е негативна.

Реклама

Сличен е соодносот и со мерката за замрзнување на цените позната како есенска кошничка. 72,6 отсто од граѓаните ја поздравија оваа одлука, додека пак како негативна ја оцениле само 18,3% од нив. 9,20% од нив одговориле со „не знам, не можам да оценам“.

Испитувањето на јавното мислење покажува и дека поголем дел од анкетираните се со став дека Владата работи транспарентно. Односно 31,1% од испитаниците сметаат дека извршната власт е транспарентна, а негативно одговориле 27,4%.

Агенцијата Маркет Вижн анкетирањето го спровела во периодот од 16 до 25 септември, телефонски со помош на компјутер на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, Со интервал на доверба од 95% и маргина на грешка +-3%. Репрезентативниот примерок е на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност согласно податоците за резидентното население од пописот од 2021 година.