Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

ЉУТКОВ: Министерството утре ќе ги објави конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата

Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за култура и туризам утре ќе ги објави Конкурсите за поддршка на проекти од национален интерес во културата на кои заинтересираните апликанти до 31 октомври ќе може да се пријават електронски преку националниот портал за е-услуги.

Министерот Зоран Љутков денеска на прес-конференција рече дека конкурсите се реформски и со промени во начинот на финансирање, со што, како што рече, се прави „квалитативен наместо квантитативен исчекор во културата“.

Новина е што прецизно е утврдено кој вид проект со колку средства максимално може да биде подржан, а промените се направени по анализи за досегашното финансирање, во консултации со засегнатите кои и досега се пријавувале на конкурсите и по укажувања на Државниот завод за ревизија.

Реклама

– Оценката на проектите ќе се врши согласно исполнувањето на општите услови кои се исти за сите подносители на проекти, како и исполнувањето на посебни услови што се јасно утврдени за секоја област поединечно. Согласно видовите на проектите и во функција на транспарентна распределба на средствата, во пријавите во годишните конкурси оваа година прецизно е утврдено кој вид на проект со колку средства максимално може да биде поддржан. Повеќе нема да има огромни дискрепанции во поддршката на проекти од ист вид, туку согласно анализите на претходно реализираните проекти, ќе бидат субвенционирани реалните потреби и трошоци за проектите, рече Љутков.