Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Македонија плаќа за грешките на Заев и Ковачевски: Бугарските услови ни го блокираа патот кон ЕУ

Албанија ја претрка Македонија поради условите кои ги прифатија прво Зоран Заев,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Албанија ја претрка Македонија поради условите кои ги прифатија прво Зоран Заев, а потоа и Димитар Ковачевски. Потписот на т.н. договор за добрососедство и прифаќањето на францускиот предлог и донесоа ново вето на Македонија на патот кон Европската Унија. Поранешниот амбасадор Ристо Никовски за Алфа вели дека токму тие ја донесоа државата во една ваква ситуација да останеме осамени на Балканот на патот кон ЕУ.

-И сега се само тоа последици на една таква глупост во основата, бидејќи пред повеќе од две години, Македонија прифати неприродни, ненормални, неприфатлифи услови и сега мора да се плати цената. Така да ова е логичен расплет на глупоста ако сакате на претходната власт, која нас не доведе во една непријатна и крајно неприфатлива позиција, изјави Никовски.

Со Францускиот предлог Македонија прифати и два билатерални протоколи. Особено вториот на кој потпис стави екс министерот за надворешни Бујар Осамни, е проблематичен според Никовски зошто историските преговори станаа и европски услов за Македонија. Поранешниот амабасадор е со став дека државата мора да најде начин и да се откаже од тој протокол.

Реклама

-Единствен начин да се излезе од ќорсокакот во кој сме доведени, во голем дел како што рековме со наша вина, може да се направи само со откажување на вториот протокол со Бугарија. Тој протокол со Бугарија е неприфатлив, понижувачки за Македонија и наш единствен излез е да кажеме дека се повлекуваме од тој протокол, изјави Никовски.

Додека Македонија поради Францускиот предлог сега остана зад Албанија во преговорите со ЕУ, од Софија изразуваат задоволство. Поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, кој беше еден од авторите на тој договор,  вели дека Бугарија многу добила од тоа.

-Времето покажа дека договорот што го направивме во времето на нашето владение, Францускиот предлог, се покажа многу добро за Бугарија. Реално, целата Европска Унија застана на страната на Бугарија и Македонија треба да реши сака ли да ги стави Бугарите во својот Устав или патот кон Европа им се затвора. Така да сите критики годиниве кои што ги имаше за Францускиот предлог, се покажа еден многу добар договор за Бугарија, изјави вчера Петков.

Францускиот предлог беше потпишан од претходната владејачка гарнитура, без консултација со опозицијата и стручната фела во државата.

Матеја Петровски