Реклама

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Македонија

Орбан: ЕУ прави огромна грешка што сега Македонија ја става позади Албанија, ова е нечесен гест

Нечесен гест од ЕУ – вака премиерот на Унгарија, земја која претседава…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нечесен гест од ЕУ – вака премиерот на Унгарија, земја која претседава со Европската унија го оцени потегот за старт на преговорите со Албанија, но не и со Македонија.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан кој е во посета на Македонија и кој се сртена со македонскиот премиер, Христијан Мицкоски во Охрид одлуката на ЕУ ја нарече грешка.

„Народите и државите на Западен Балкан заслужуваат многу повеќе отколку што добиваат од Брисел. Северна Македонија заслужува да биде дел од ЕУ. Таа е кандидат заедно со Хрватска, 2008 заедно со Хрватите добија позитивно мислење, од тогаш Хрватите се членки, а со Македонија не се започнати преговорите, и таа е историска грешка на ЕУ. Но, може сега да се каже дека таа грешка е двојно поголема, затоа што Северна Македонија ќе биде ставена позади Албанија, и не гледам никакви причини за тоа. Ова ќа биде огромен предизвик за оваа влада, за да се бори со овој нечесен гест од ЕУ“, рече Орбан од Охрид.

Реклама

Тој посочи дека во Македонија доаѓа во период коха се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

„Ставот е добро познат на Унгарија. Многу е важна стабилноста на Западен Балкан. Зачленување на државата е огромна можност, за сите членки кои се дел од ЕУ, така и Унгарија, сите видовме дека добивме многу во напредокот на земјата, но ЕУ во меѓувреме ја загуби својата динамика, и затоа мораме да се избориме за ново проширување. Не го одминуваме ниту фактот дека Украина и Молдавија добија на некој начин вонредно забрзани постапки за зачленување. Мора да го имаме пред себе геополитички фактори, но мораме да имаме во предвид дека државите кои долго чекаат сега се во втор план, а тоа не е фер. И затоа сметаме дека е важно Западен Балкан да биде дел од ЕУ, и затоа сакаме брз процес на зачленување на Северна Македонија во ЕУ“, рече Орбан.