Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Декларацијата на десничарската „Преродба„ против Македонија ги помина филтрите во бугарското Собрание

Комисијата за надворешна политика на Бугарското собрание ја усвои декларацијата за односите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Комисијата за надворешна политика на Бугарското собрание ја усвои декларацијата за односите со Македонија, предложена од крајнодесничарската партија „Преродба“, на Костадин Костадинов, со која, во кратки црти се критикува одговорот на македонските власти на најновите провокации од Софија.

Повод за декларацијата, се, цитирам, „низата антибугарски изјави на водечките политичари во Македонија, кои имаат за цел да ги минираат билатералните односи и да ја претстават Бугарија во лошо светло пред европските партнери“, како и, повторно цитат, „одбивањето на Македонија да ги исполни условите предвидени во преговарачката рамка, што ќе и овозможи на земјата да започне вистински процес на преговори за европска интеграција“.

Иако имаше несогласувања меѓу партиите застапени во парламентот, тие сепак најдоа консензус и се обединија околу текстот на декларацијата, која со мали амандмански корекции е едногласно усвоена во комисијата. Претседателот на Комисијата за надворешна политика и лидер на ГЕРБ Бојко Борисов, најави дека декларацијата во текот на денот ќе биде усвоена и на пленарна седница.