Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Од недела поевтинување на 2.500 производи – стапува во сила законот за нефер трговски практики

2500 производи од 29-ти септември треба да  имаат ограничени маржи до 10…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

2500 производи од 29-ти септември треба да  имаат ограничени маржи до 10 отсо. Трговците треба да обновуваат договори и да се прилагодат согласно законот за нефер трговски практики кој беше изгласан во март, а треба да почне да се применува за три дена.

Според организацијата на потрошувачи, институциите не се подготвени да го контролираат спроведувањето на законот кој треба да воспостави ред меѓу добавувачите и купувачите. Од таму посочуваат дека Владата треба да одлучи дали ќе ја зајакне комисијата за конкуренција во чија надлежност е да констатира нечесни трговски практики, или ќе се направи измена на законот за да може пазарната инспекција да контролира. Од таму посочуваат дека доколку се одложи примената на законот, мерката „есенска кошница“ треба да се продолжи и да трае три месеци.

Во меѓувреме „паднаа“ првите казни за непочитување на владината одлука за „ есенска кошница“ .  Пазарна казни осум трговци со речиси 20 илјади евра во 60 надзори, а во тек се и други постапки. Кои маркети се казнети нема информација, а денеска инспекторатот ги контролира бурекџилниците, помалите маркети и останатите трговци на мало.  Она што се забележува на терен е дека нема значително поевтинување. Иако од пазарна укажаа дека бурекот и белите печива влегуваат во листата, бурекот во главниот град и натаму се продава по цена од 80-90 денари.

Реклама

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) во текот на вчерашниот ден изврши над 60 надзори на цела територија на државата за почитувањето на владината одлука за ограничување на профитната маржа на основните прехранбени производи и нивно означување со ознаката „помалку трошоци, повеќе за тебе“ при што издаде осум прекршочни платни налози во висина од над 1.196.000 денари, а кај останатите субјекти постапките се во тек. Излезени се 47 тимови на терен, односно 135 инспектори .

Инаку, со Одлуката на Владата  во „Есенската кошница“ се 73 прехранбени производи и со мерката се очекуваше цените да паднат до 10 отсто. Од Владата посочуваат дека сеуште е рано да се мерат ефектите, ќе мора да се почека да се видат официјалните статистики па да се каже дали мерката дала резултат.