Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Битолската полиција поднесе 8 кривични пријави против луѓе кои летово предизвикале дел од пожарите

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СВР Битола до Основните јавни обвинителства во Битола, Прилеп, Ресен и Кичево поднесе кривични пријави против осум лица кои се сомничат дека биле инволвирани во предизвикувањето на некои од пожарите кои се случиле од 15.06. до 23.09. годинава. Според пријавите, 75-годишниот битолчанец Г.А. се товари за палење оган во просторот помеѓу дворот и градината до неговата куќа во битолското село Облаково со што на 17 август предизвикал пожар. Кривична заработи и неговиот 53-годишен сограѓанин Л.М. затоа што на 10 август додека заварувал со апарат предизвикал пожар на гробиштата во с. Кременица. 56-годишната крушевчанка В.Ш. пак, од с. Пуста Река, истурила пепелник од шпорет со жар од што настанал пожар кој зафатил сува трева, но и борова шума над селото. За предизвикан пожар во општина Македонски Брод, кривична заработи 57-годишен прилепчанец со иницијали Т.Д., а 54-годишен жител на прилепското селото Штавица пријавата ја добил затоа што на 5 август палејќи сува трева во својот двор, предизвикал пожар и на соседните парцели. До ОЈО во Ресен пак, СВР Битола поднесе три кривични пријави и тоа против лицата А.М.(43) и М.П.(40) од Ресен, како и против 52-годишниот Ф.А. од село Алданци –крушевско затоа што на 16 август, А.М. поттикнат од прво и второосомничениот со шише бензин подметнал пожар во помошна просторија кај месноста викана „Старски дом“ каде што живеат повеќе семејства. Сите осомничени се товарат за кривичното дело, а кое е и казниво по Закон – „предизвикување општа опасност“.