Реклама

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Конференција за доживотно учење – Како да се намали невработеноста?

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Македонија

Муцунски на средба со Крис Марфи

За време на мојата посета на САД, се сретнав со американскиот сенатор…

Сподели:

За време на мојата посета на САД, се сретнав со американскиот сенатор Крис Марфи од Демократската партија. Главна тема на разговорите беше поддршката за нашите евроинтеграции, реформските процеси, борбата против корупцијата и владеењето на правото, објави на Фејсбук министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Нагласив дека високо ја цениме поддршката од нашиот стратешки партнер за интеграцијата на нашата земја во ЕУ. Силно сме посветени на спроведување на неопходните реформи, кои ќе го интензивираат овој процес, што е во согласност со активностите во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, и тоа ќе придонесе за зајакнување на регионалната безбедност. На средбата, разговаравме и за предлог Резолуцијата за поддршка на нашето членство во ЕУ, предложена од неколку американски сенатори, што е уште една силна потврда на американската поддршка. Исто така, разменивме мислења за нашето сојузништво во НАТО, поддршката за Украина, како и за целокупната соработка во справувањето со актуелните безбедносни предизвици, истакна Муцунски.