Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Јавен укор, парична казна или разрешување – Каква одговорност ќе се утврди за судијата Пајазити за бегството на Блерим Рамадани?

Јавен укор, парична казна или разрешување го чека судијата Пајазит Пајазити којшто…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Јавен укор, парична казна или разрешување го чека судијата Пајазит Пајазити којшто го стави во домашен притвор избеганиот поранешен командант на УЧК, Блерим Рамадани.

Комисија составена од членови на Судскиот совет веќе го разгледува барањето за утврдување одговорност кој го поднесе судијата и член на советот, Алкесандар Камбовски. На некоја од наредните седници, комисијата ќе треба да ја каже својата одлука, а потоа членовите ќе гласаат за казната што го чека Пајазити.

Судијата Александар Камбовски, беше дел од комисијата што Советот неодамна ја формираше со цел испитување на одлуките на скопскиот кривичен суд во врска со притворот на Рамадарни. Оваа комисија ја утврдуваше само фактичката состојба при носењето на одлуките на Пајазити за случајот со командантот на УЧК.

Реклама

За предметот со Блерим Рамадани, Камбовски на седницата наведе дека судијата Пајазити во решението за определувањето на куќниот притвор дал исти причини како и претходно кога определил РАмадани да издржува притвор во Шутка.

Според Камвбовски, Пајазити не го определил начинот на кој надлежните од МВР ќе го вршат надзорот на куќниот притвор на Рамадани.

Колку за потсетување, уапсениот Рамадани, на 18 јули се согласил пред судијата Пајазити да биде екстрадиран по скратена постапка во Србија и се согласил да биде суден. Пајазити тогаш му определил притвор. Но, на 22 јули, Рамадани поднел жалба преку својот адвокат во кој навел дека не го разбрал преведувачот кога зборувал за скратената постапка за екстрадиција. Според Законот за меѓународна соработка, изјава за скратена постапка за екстрадиција е неотповиклива и не може да биде повлечена, па оттука Рамадани немал право да се премисли.

Сепак, судијата Пајазити го прифатил премислувањето и згора на тоа иако немало изменети околности и се уште постоела опасноста од бегство, на Рамадани му одредил куќен притвор и тоа да го издржува кај роднини.

На ниту една седница на СУдски не стана збор за тројцата колеги на Пајазити кои според одлуката на Врховен, одлучиле незаконито при неопределување екстрадиција на Рамадани.

Освен бурни рекации кај домашната јавност која чека одоворност од судиите, официјален Белград побара одговори од државните органи како Рамадани баран преку Интерпол од куќен успеа да избега за Косово.