Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Штипската Клиничка болница ќе добие ургентен центар

Штипската Клиничка болница, ќе добие ургентен центар. Во него медицинарите, ќе им…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Штипската Клиничка болница, ќе добие ургентен центар. Во него медицинарите, ќе им укажуват итна здравствена заштита на пациентите од целиот Исток. За да функционира потребно е да биде формирана работна единица во која ќе се спојат тимовите од Брзата помош и болницата. Дополнително ќе бидат ангажирани и приватните специјализанти кои преку проектот на ресорното министерство, со работа ќе почнат во болницата.

  „Со заменик министерот разговаравме дека треба да се направи ефузија со Брзата помош и Клиничка болница. Да се направи работна единица ургентен центар, кадешто тие тимови, би работеле . Во тој центар ќе ординираат и специјализантите кои ќе работат во Клиничка болница. Очекуваме дека ќе има доволно вработени кои ќе го опслужуват целиот регион„ изјави д-р Владко Захариев, директор на КБ-Штип.

 Ургентниот центар во Штип, ќе работи 24часа, секој ден во неделата. Ќе ги покрива сите  итни состојби кај децата и возрасните. Побрзо ќе се поставува дијагностика, а ќе се подобри и функционалноста, односно контактот меѓу здравствените тимови од целиот регион, објаснува Захариев.

Реклама

 „Во моментот влез во Клиничка болница Штип, се сите специјалности во Мој термин. Со ова тријажата во нашата болница, ја вршат другите установи. На пример доктор специјалист во Кочани, одлучува кој пациент каде треба да оди во клиничка болница штип. Функционалното подобрување на ургентниот центар ќе биде тоа што влезна врата во клиничка болница ке биде во ургентниот центар„ изјави д-р Владко Захариев.

Формирање  на Ургентен центар е долгогодишна идеја, но поради недостатокот од кадар не можеше да се реализира. Во моментот болницата има потреба од 130 лекари, медицински и технички персонал, а најголемиот одлив е во приватните болници и странсство, како и по основ на пензија.

Александра Ристевска