Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Повеќе од 500 млади во социјален ризик бесплатно ќе учат вештини за поуспешен пристап до пазарот на трудот

   Полесен и поуспешен пристап до пазарот на трудот на младите од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

   Полесен и поуспешен пристап до пазарот на трудот на младите од ранливите категории е целта на Проектот „Зајакнување на младите преку нови можности 2“, кој ќе трае до при крајот на 2026 година. На младите од 16 до 35-годишна возраст, а кои се во социјален ризик, со овој проект, ќе им се обезбедуваат бесплатни обуки за животни вештини, кариерно советување со лиценцирани кариерни советници, психо-социјална, но и финансиска поддршка, како и посредување за идентифукување на можностите за практиканство со крајна цел – трајно вработување.

  „Очекуваме да зајакнеме повеќе од 500 млади лица и повеќе од 190 да најдат одржлив работен ангажман, иако верувам дека овој број ќе биде многу поголем…Со младите лица кога ќе пристапат во Програмата се прави првична проценка на нивните потреби и се развива индивидуален развоен план. Согласно афинитетите на младите лица се зацртува кариерниот пат и им се помага на младите лица да чекорат цврсто по истиот“, – вели Иван Штерјовски, менаџер на Проектот.

   Покрај во Скопје, овие активностите се реализираат и во: Тетово, Прилеп, Кавадарци, Штип и Струмица во соработка со соодветните локални партнери, вклучително и на бизнис-заедницата. Во Прилеп, носител на овој проект е младинската Коалиција СЕГА, со поддршка од Локалната самоуправа, односно од општинскиот Младински совет.

Реклама

  „Со оглед на тоа дека станува збор за млади од социјален ризик и тие се опфатени во овој дел, некогаш е потребно многу малку да се направи за тие млади да можат да се вклопат, да најдат работа. А тоа се можеби некои „меки“ вештини кои што се како обуки и.т.н. и кои нам ни изгледаат едноставно, но за тие млади и тоа како е потребно и важно да се направи. Можеби со мал стимул, мало насочување кон она што тие  можат да го прават, можат и тоа како да се вклопат и да бидат работна сила и да се вклучат во процесот на творење и креирање во општината“, – изјави Гоце Бумбароски од Советот на млади при Општина Прилеп.

  Инаку, овој Проект, всушност е продолжување на првиот Регионален проект кој се реализирал од 2020 до 2023 година кај нас, но и  во неколку соседни земји и преку кој повеќе од 340 млади биле зајакнати, а над 200 од нив се вработиле и се’ уште работат. Проектот се реализира во партнерство со СОС ДЕТСКО СЕЛО и со финансиска поддршка од германското Министерство за економска соработка и развој и на Фондацијата „Херман Гмајнер“ .

Каролина Дурло