Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Повеќе од 15 илјади пастрмајлии изедени само за една вечер – во Штип се одржува традиционалната пастрмајлијада

Над 15.000 пастрамајлии, само сношти беа изедени во Штип. Ова е првичната…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 15.000 пастрамајлии, само сношти беа изедени во Штип. Ова е првичната бројка, но според организаторите бројот е уште поголем, ако се земе во предвид фактот дека специјалитетот освен на штандовите, можеше да се вкуси и во рестораните. Штипските мајстори, конечно победија во битката и докажаа дека штипската е повкусна од светиниколската, радовишката или велешката, коментираат посетителите

  „Штипската пастрамајлија е најдобра. Ние како град, ја брендиравме и годинава конечно докажавме дека по квалитет е чиста десетка, а велешката, радовишката или кратовската се позади неа„ коментираат граѓаните.

   Годинава,  манифестацијата доби нов концепт. Откако култната „едносмерна„ стана шеталиште, Општината реши триесеттината штандови да ги постави овде,во срцето на градот. За посетителите локацијата е одлична, бидејќи освен угостителите, ќе ќарат и трговците

Реклама

  „Ова и од економски аспект е добро за градот. Шеталиштето е полно со луѓе, ќе купат нашто и од дуќаните. Многу ми се допаѓа шеталиштето и ова им е вистински погодок„ коментираат граѓаните.

Инфлацијата не успеа да ја зголеми цената или да го намали квалитетот.  Познатиот штипски специјалитет чини 200денари, а составот е унифициран 200гр. тесто и 250гр. месо. Според првичните проценки само сношти „Пастрамалијадата„ ја посетиле над 25.000 граѓани. За вечерва се очекува уште поголема масовност на гости од државата и странство.

Александра Ристевска