Реклама
Македонија

Почина пациент од западно-нилска треска

На инфективна клиника почина пациент од кочанско поради компликации од западнонилска треска.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На инфективна клиника почина пациент од кочанско поради компликации од западнонилска треска. Пациентот починал на 16-ти септември, откако му била влошена состојбата и му била поставена кислородна маска. Од анализите на епидемиологот од Кочани добиени во разговор со децата на починатиот од западнонилска треска, пациентот е пензионер, што живеел во куќа во селото Облешево. Во периодот на инкубација не патувал надвор од државата, ниту, пак надвор од местото на живеење. Од семејството нема други лица со слични симптоми, велат од ИЈЗ. Ова е четврт регистриран случај на западнонилска треска во земјава, вирус од кој луѓето најчесто се заразуваат по каснување од заразен комарец.