Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Идната година стартува доизградбата на Клиничкиот центар во Штип

До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, со работа се  очекува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

До крајот на годината, во штипската Клиничка болница, со работа се  очекува да започнат приватните специјализанти.  Засега се планира нивниот број да биде околу десеттина. На овој начин најголемиот центар за лекување во источниот дел на државата ќе го решава недостатокот од медицински кадар. На државно ниво од вкупно 600, 480 приватни специјализанти, веќе пополниле апликации.

 „По интересот на болниците така и ќе постапуваме. Еве за во Штип околу 30доктори изразуваат интерес.Не се само од Штип, туку и од околните места. Што ќе каже директорот, односно што му е приоритет, ние така ќе постапиме„ изјави Министерот за здравство Арбен Таравари.

 „Најалармантно е на Одделенијата за анестезија, ортопедија, гинекологија. Ни недостигаат општи хирурзи, интернисти„ изјави д-р  Владко Захариев, дир.на КБ-Штип.

Реклама

При денешната посета, министерот порача дека изградбата на нова Клинилка болница е приоритет. Тој е оптимист и верува дека со градежни активности ќе се започне од наредната година.

Со одлука на Влада се дава овластување на Министерот за здравство да ја даде целокупната документација на сите заинтересирани компании коишто би отишле во Кичево или Штип. Да ги видат болниците и да одлучат, односно да ни дадат проекции како мислат понатаму да ја продолжиме. Наш топ приоритет се болниците во Штип, Тетово и Кичево која со градба почна во 1996 и се уште е карабина„ изјави министерот за здравство, Таравари.

Што се однесува до модуларните болници од кои најголем дел се мета на крадци, Таравари посочи дека со владина одлука модуларната болница на Инфективна клиника ја презема Министерството за одбрана, а ќе се бара решение и за останатите. Инаку денеска беше промовиран и нов апарат , наменет за дигестивна хирургија и урологија. Апаратот е во вредност од 200.000евра и се средства на министерството.

Александра Ристевска