Министерорт Таравари не се откажува од идејата да ги спои клиниките на клинички во една целина која ќе ја раководат еден или двајца менаџери.
Тој за радио „Лидер“, кажа дека ги седнал на маса раководителите на клиниките за да се направи анализа и да се бараат решенија кој и како да раководи со најголемиот здравствен центар во Македонија. Според проценките на здравствените власти, нефрологот Игор Николов е најдоброто решение да раководи со најголемиот здравствен комплекс во Македонија.
Идеата на Таравари не е спојување само на скопските клиники, тој вели дека доколку се направи добра реогранизација, болниците ќе раководат и со здравствените домови ширум државата.
