Поранешниот сопственик на „Еуростандард„ банката, Трифун Костовски тврди дека тој немал никава врска со позјамиците кон сега осомничениот бизнисмен Крзов.
Близок до екс премиерот Заев и кој е во центарот на големата полициско-обвинителска акција за проневера на милиони евра, туку дека кога дознал за нив се обидел, но не успеал да ги расчисти сметките. Тврди дека во моментот кога разбрал дека Еуростандард банка станува полигон за лоши пласмани, веднаш преземал мерки да се стопираат таканаречените позaјмици, кои во најголем дел оделе кон фирмите на Крмзов, во Струмица и уште една фирма во Скопје.
„Го променив управниот одбор и секојдневно се обидував да стапам во контакт со господинот крмзов, со цел да ги расчистиме нашите сметки. За жал тој цело време за мене беше недостапен„ вели Костовски во својата последна колумна.
Тврди дека реагирал затоа што фирмите на крмзов во 2023 година покажувале добивка од 9,3 милиони евра, но во оценувањето на ликвидноста на банката од страна на народна банка, тие побарувања биле третирани како тешко наплатливи кредити за „Еуростандард банка“.

„Токму во моментот кога решивме да застанеме на патот на така-наречените нелегални позајмици, еуростандард банка беше осудена на смрт, бидејќи со нашето излегување од така-наречените незаконски позајмици уривавме цел незаконски систем, длабоко имплементиран во нашето секојдневие“, вели Костовски.
