Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Ѓорѓиевски: Не може цел град да биде заложник на еден човек, мора да се ограничи моќта на градоначалниците

Со законски измени треба да се ограничи моќта на градоначалниците – бара…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со законски измени треба да се ограничи моќта на градоначалниците – бара првиот човек на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски. Тој вели дека во ЗЕЛС се работи на составување тим кој ќе предложи измени во Законот за локална самоуправа за да може да се смени градоначалник во текот на неговиот мандат. Според него, не смее да се дозволи некој да го „преспие“ 4-годишниот мандат, без да биде казнет за тоа. Дополни, и дека, ако градоначалниците знаат дека би можеле да бидат сменети, ќе бидат мотивирани нешто да сработат. Не потенцираше дали овој закон би бил подготвен и би профункционирал пред локалните избори или по нив.

„Јас сметам дека треба да се ограничи моќта. Тогаш градоначалникот ќе знае дека може да почне, но нема да му заврши можеби мандатот до крајот на мандатот и логички е дека ќе размислува за нешто да реализира. Ние имаме градоначалници од минатото кои што 4 години ги поминаа во хибернација мандатите, кои што ги преспаа народски кажано мандатите и нема никаква казна, казната единствена е изборите. Мора да има да се воведе механизам со кој што и порано може да дојде до одговорност. Не зборувам само за кривична одговорност, но за одговорност кај градоначалниците и на тој начин да се регулира неговото работење или неработење“ – Орце Ѓорѓиевски – градоначалник на Кисела Вода.

Најизразен проблем со градоначалник од кој граѓаните не се задоволни е случајот со Градот Скопје. Скопските градоначалници не успеаја да и ги одземат ингеренциите на градоначалничката Арсовска. И министерот Перински вели дека законски се ограничени во тој дел. Сепак, Ѓорѓиевски смета дека не смее да се дозволи еден човек да го држи во заложништво цело Скопје, па затоа и покренува вакви измени. Тој вели дека комуникациијата со Арсовска и покрај сите напори, не постои, а бројот на директори во јавните претпријатија постојано се менуваат, без некаков напредок и подобрување на нивната ефикасност.

Реклама

„Таму знаете дека за во Гинис може да се кандидира градот Скопје и градоначалниката за број на променети директори за три години. Ова не се случило никаде во светот. Парадоксално е и смешно. Смешно е, но на крајот на денот е повеќе трагично од што е смешно, затоа што последиците ги трпат нашите сограѓани. И јас неколку пати го имам споменато тоа. Се работи за жал за конфликтна личност, без менаџерска способност, апсолутно никаква, и човек кој што и покрај, ете тоа што нема добар начин на комуникација, нема менаџерски способности, одбива и да прими совет кога некој се труди да помогне за да се надмине одреден проблем“ – вели Ѓорѓиевски.

Ѓоргиевски бара и за поголеми казни за создавачите на диви депонии, бидејќи смета дека сегашните се прениски , па на градежните компании повеќе им се исплатело да платат глоба, отколку да го однесат отпадот во Дрисла. Тој се залага и за воведување комунална полиција. Градоначалникот рече дека реализирал над 90% од ветените проекти во неговата општина. Ѓорѓиевски ги потврди и неговите намери на следните локални избори да биде кандидат за прв човек на Скопје. Смета дека ќе биде добар градоначалник на главниот град, но вели се ќе зависи од одлуките на неговата партија и задоволството на граѓаните од неговата работа.