Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Сиљановска Давкова по средбата со Радев: Ако се слушаме и почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат

Убедена сум дека денешниот разговор во една дебатна пријатна атмосфера ќе вроди…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Убедена сум дека денешниот разговор во една дебатна пријатна атмосфера ќе вроди со плод. Не можам да кажам дека утре ќе се случи тоа, но важно е да почнете, изјави претседателката Гордна Сиљановска Давкова по средбата во Софија со нејзиниот бугарски колега Румен Радев.

– Се покажа дека речта, зборот, е најважна во библијата. Уште еднаш се покажа дека кога ќе седнете и разговарате водени од добра волја bona fide, а не од mala fide ќе направите еден голем исчекор кон пронаоѓање заеднички важни решнија. Јас не сум случајно овде, дојдов за да разговарам, и се разбира дека сега го очекувам претседателот Радев да дојде во Скопје. Мислам дека, и сигурна сум дека како што честопати велам мислата може да биде побрза од светлината ако се слушаме, ако се почитуваме, ако имаме волја да се разбереме, тогаш решението е на дофат, истакна Сиљановска Давкова.

Прашана околу што во што се согласиле со Радев, таа посочи дека се обединиле околу европската интеграција, копенхашките критериуми, регионалниот пристап на решавање на проблемите, околу фактот дека научените бугарски лекции ќе ги добиеме, нема да треба да ги повторуваме грешките и оти ќе трагаме по компромис и заедничко решение без никој да се чувствува навреден или повреден и без никој да мисли дека бил заборавен.

Реклама

Околу посетата на Радев на Скопје рече дека „датумот не е утврден, но одредиле околу што би можело да биде доаѓањето“.

– Искрено секој од нас го кажа своето видување со респект се сослушавме, но, факт е дека ние ги претставуваме националните интереси на едната и на другата држава, но и факт е дека дијалогот е клучното решение, рече Сиљановска Давкова.

Додаде дека денеска не разговарале за прашањето на внесување на бугарите во Уставот, ниту за други конкретни прашања.

Во врска со нејзиниот став за промената на Уставот, Сиљановска Давкова рече дека одлуките за овие прашања ги носат пратениците во Парламенто и нез ависат од ставови на подинци.

– Јас да сум апсолутен монарх можам да го сменам Уставот, но пратениците ги претставуваат граѓаните, гласаат по сопствено убедување. Не можам да ја суспендирам парламентарната демократија, но се разбира дека разговаравме за сите прашања, велам разговаравме, бидејќи ние не може да донесме решение, ниту да го наметнеме на нацијата и останатите. Но, разговаравме и тоа е здраво, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова по средбата во Софија со шефот на бугарската држава Румен Радев.

Таа изрази жалење за денешната несреќа и загинувањето на двајца бугарски пилоти и искажа разбирање што поради тоа Радев вечерва не може да се придружи на изведбата на операта „Набуко“ на Македонската опера и балет во Софија.

извор:А1.он