Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Тошковски: Заштита и подигнувањето на достоинството на полицискиот службеник е пат до професионална полиција

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отвори 22-те по ред Синдикални…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отвори 22-те по ред Синдикални спортски игри, во организација на Македонскиот полициски синдикат, на кои присуствуваат претседателот на МПС Зоран Кузмановски, претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, директори на агенции и институции, професори и вработени во МВР. Синдикалните игри се традиционален меѓународен спортски синдикален настан, на кој претставници од 15 полициски синдикати од земји од регионов и од Европа, во седум спортски дисциплини, ќе ги прикажат своите вештини и знаења.

Во рамките на манифестацијата се одржа и панел дискусија „Кривично-правна и прекршочна заштита на вработените во МВР, АНБ, АР и УФП“ на која министерот Тошковски потенцираше дека полицискиот службеник е основната безбедносна клетка на една држава.

„Потребата од поголема заштита на полициските службеници, соодветно нивно место во рамки на општеството, подигнување на достоинството на полицискиот службеник во рамки на државата се клучни аспекти кои треба да ги развиваме, доколку сакаме да имаме полициски службеник на соодветно професионално ниво, којшто се чувствува заштитен во рамки на системот.“, нагласи министерот Тошковски.

Реклама

Министерот Тошковски имаше и средба со претседателот на Советот на Европски полициски синдикати, Рикардо Валадас, на која што разговараа за воспоставување и имплементирање на најдобрите европски практики во полициското работење и заштита на полициските службеници.