Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Велиу: „На ИВЗ потребни и’ се итни и коренити реформи, оти таа сега делува како „клан“ на неколкумина кои со неа прават што сакаат

Во моментов, во Македонија практично и нема ИВЗ, бидејќи таа сега делува…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во моментов, во Македонија практично и нема ИВЗ, бидејќи таа сега делува како „клан“ на само неколкумина луѓе од гостиварско кои со неа прават што сакаат и како сакаат, за задоволување на личните, и крајно спротивно на интересите на верниците. ИВЗ никогаш не била во полоша состојба oд нејзиното шествековно постоење, смета теологот и екс-муфтија Плуми Велиу, кој е еден и од иницијаторите за итни и длабоки реформи во ИВЗ, а деновиве објавени и во Отворено писмо до јавноста. Според Велиу, за сето ова причина бил апсолутно нефункционалниот Устав на ИВЗ кој повеќе личел на правило на некоја апсолутна монархија каде има непочитување на нормативните акти, нема никаква транспарентност, а има деградирање на исламот и на вреските службеници-оџите кои се носители на верскиот живот во Македонија, но и деградирање на целата муслиманска популација во земјава.

„Дефинитивно, ИВЗ во овој момент се раководи од хунта. Еве последно. Сега почна новата школската година. Знаете, имаше превирања со акредитација на Средното исламско училиште, кое исто така постоеше 600 години, Шаќир Фетаху без никаква одлука на Ријасетот, без никаква одлука на членството, едноставно го укина, што не беше случај ни во време на комунизмот. Тој таа институција ја претвори во приватна Гимназија“, изјави Плуми Велиу, теолог и екс-муфтија, Муфтиство-Битола.

Генезата на недоразбирањата во ИВЗ датира уште од 2008 година, со промената на Уставот кога тогашниот Поглавар добил апсолутна власт, објаснува Велиу и додава дека тоа кулминирало во 2020 година со криминалниот и нелегитимен начин на разрешување на Сулејман Реџепи, при што, сега Поглаварот – Реис Ул-Улема ги избира муфтиите, а муфтиите го избираат Реисот, што е и основниот проблем на сегашниот Устав на ИВЗ, покрај мноштвото други недоследности, објаснува Велиу.

Реклама

„Насилно и тогаш е разрешен Сулејман Реџепи. Иако Сулејман Реџепи имаше доста свои гревови, меѓутоа начинот беше сосема нелегитимен…Сега ИВЗ ја раководи хунта составена од пет т.н. „генерали“, а на чело на таа хунта е Шаќир Фетаху“, – кажа Велиу.

Во Отвореното писмо на Иницијативата за средување на односите во ИВЗ, реформаторите наведуваат дека и во државава потребни се законски измени за односите на верските заедници, односно трансформација на актуелната Комисија за верски заедници во најмалку Секретаријат или Министертсво за вера што воопшто не се косело со секуларизмот на државата. Велиу вели дека сега тие имаат максимална доверба во новата власт за конечно ставање крај на сегашниот башибозук кој владел во ИВЗ, особено што на нивна страна биле над 90 посто од имамите, и половина од муфтиите во земјава.

Од ИВЗ пак, ги отфрлаат сите овие наводи, правдајќи се дека станувало збор за  лажни наводи на пучисти кои 10 години пишувале против ИВЗ.

Каролина Дурло