Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Од следната недела поевтина „есенска кошница“ за граѓаните

Поевтини производи од следната недела.   Работната група во која членуваат претставници од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поевтини производи од следната недела.   Работната група во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, ја крои есенската кошница и  до крајот на денот ќе  прави пресметки, а до понеделник ќе одлучи каков предлог ќе достави до Владата.  Според најавите од министерот за економија, во понеделник ќе соопштат дали ќе има замрзнување на цените или ограничување на маржите како и кои производи ќе поевтинат а, Владата треба да го изгласа во вторник на седница.

„Денеска рабоотната груба од министерството за економија, земјоделие и секорот за финансии уште работат, таа работна група е во тек со оваа програма, во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните“, рече Дурмиши.

Владата веќе ги ограничи маржите на школскиот прибор, а на листата поевтини 100 производи се очекува да бидат основните прехранбени производи, овошјето и зеленчукот .Покрај есенската кошница, се подготвува и пролетна кошничка.

Реклама

Ваквите мерки, според Владата ќе помогнат за стабилизација на цените и ќе се превенира висока стапка на инфалција. Според официјална статистика, во авугст инфлацијата била 2,2 отсто.   Во однос на јули, во август има зголемување на трошоците за храна и безалкохолни пијалоци за 1,2 отсо.

Стабилизација на цените се очекува и со Законот за нефер трговски практики кој беше донесен во март, а треба да почне да се применува на крајот септември. Минатата недела од Стопанската комора преку писмо побараа од Владата да биде одложена примената на законот, а премиерот им одговори дека постои можност барањето да биде прифатено доколку постојат објективни причини. Со законот, рабатот и дополнителните трошоци од листата на 2.548 тарифни броеви на земјоделски и прехранбени производи во трговија на мало и на големо ќе бидат ограничени на 10 проценти.