Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски: Инспекторите и истражителите ќе испитаат како заработиле оние кои ја засрамија Македонија и ги продавале македонските интереси

Инспекторите и истражителите ќе се позаниваваат со тоа како досегашните членови на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инспекторите и истражителите ќе се позаниваваат со тоа како досегашните членови на историската комисија ги добивале и трошеле солените хонорари и останати додатоци. Премиерот Мицкоски најавува истрага за  парите кои ги добивале екс членовите на македонскиот историски тим, кој наместо да ги бранат националните интереси, според премиерот ги продавале и ја засрамувале државата.

Мешовитата историска комисија беше формирана пред речиси седум години по потпишувањето на Договорот со Бугарија, а според неодамнешното истражување на Алфа тие добиле речиси 300 илјади евра државни пари за тој период.

-Нека се вклучат ОБСЕ, ама ќе се вклучат сега малку и инспекциските и истражните органи да видиме каде се трошеа парите и ќе се вклучат и тие да видиме каде се трошеле парите, колкави се хонорарите овие кои што направија ништо изминативе, односно го засрамија народот во Македонија и ги продадоа македонските интереси, изјави Мицкоски.

Реклама

Претходните членови на комисијата побараа меѓународни организации, меѓу кои и ОБСЕ да се вклучат да ги испитаат причните за нивната смена. Премиерот порача дека може кој сака да се вклучи, дека тие немаат ништо против.  

-Нека се вклучат експерти, ние сме за да се вклучат, да се најде решение. Сега дали овие политички флоксули од страна на членовите поранешни од историската комисија треба да се коментираат повеќе и да им се посветува, не им се. Потрошени се 100-тици илјади евра народни пари за ништо, за нешто кое што резултираше со капитулација за тоа што го прифатија двоецот Ковачевски и Османи, изјави Мицкоски.

Од комисијата велат дека биле постојана мета на политички мотивирани напади од бројни медиуми и политички партии и нејзината работа била искористена за политички цели.

-Тие напади продолжија до денес, а минатите неколку недели бевме сведоци на неаргументирани, обвинувачки и навредливи изјави на премиерот за работата на поранешните членови на Комисијата со кои тој ги дели граѓаните на ‘заштитници’ и ‘незаштитници’ на националните интереси согласно со неговите лични погледи, велат од поранешната комисија.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче реагира за политичкото дискредитирање на членовите на историската комисија и ја поддржува идејата за вклучување на странски експерти во нејзината работа. 

-Сметам дека вклучувањето на меѓународни експерти во историската комисија со Бугарија воопшто не е лоша работа. Прво дефинитивно ќе влијаат на елиминирањето на политичките влијанија кои на никого не му носат добро а ќе внесат искуства од претходни комисии каде работеле, изјави Филипче.

Инаку поранешните членови на комисијата предводена од Драги Ѓоргиев беа заменети со нови. Нов шеф е Ванчо Ѓоргиев, а покрај него членови ќе бидат ќе бидат и директорот на Институтот за национална историја Митко Панов, Александар Литовски, Никола Минов, Сашо Додевски, Бесник Емини и Димитар Љоровоски.

Матеја Петровски