Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Kарбинци конечно го реши проблемот со собирањето на смет во општината

Карбинци конечно го реши проблемот со собирањето на смет во општината. По…

Сподели:

Карбинци конечно го реши проблемот со собирањето на смет во општината. По пат на донации и кофинансирање е обезбедено ново комунално возило кое во наредниот период ќе биде ставено во функција и на околу 700жители во подплачковичките села кои досега мака мачеа со  депонирањето на отпадот кој го создаваат.

„Услугите ќе успееме да ги зголемиме, а тоа значи дека во следна фаза ќе бидат опфатени подплачковичките села, со тоа што претходно немаше можност да бидат опфатени во собираањето и депонирањето на комуналениот отпад“, изјави Виктор Паунов, градоначалник на Карбинци.

„Ние како Министерство за локална самоуправа и во иднина заедно со нашите странски донатори ќе продолжиме да работиме на раст и развој  на општините. Практично и како влада сме насочени кон ова со објавувањето на јавниот повик преку кои ќе се искористат 100милиони евра за инфраструктурно капитални проекти. Вече знаете за следната година се предвидуваат нови 250милиони евра„ изјави Златко Перински, министер за локална самоуправа.

Реклама

Набавката на возилото е дел од проектот „Зајакнување на општинските совети“.  30% од средствата ги обезбеди општината, а останатите се финансирани од УНДП и Амбасадата на Швајцарија во Македонија.

„Ние сметаме дека демократијата започнува од локално ниво, каде граѓаните работат и соработуваат со локалните власти. Токму тоа е тоа што овој прооект го постигнува, односно интересите на граѓаните се земаат во предвид  при донесуваањето на одуките од страна на општината“, изјави Вероник Хулман, Амбасадорка на Швајцарија во Македонија.

Министерот Перински ги повика и останатите градоначалници да се вклучат во програмите со кои преку странски донатори може да се зајакнат капацитетите на општините, со што ќе се подобри квалитетот на живот на граѓаните.

Александра Ристевска