Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Љутков: Македонскиот национален конзерваторски центар е во очајна состојба

Македонското културно наследство и институции се во многу лоша и очајна состојба.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонското културно наследство и институции се во многу лоша и очајна состојба. Министерот за култура Зоран Љутков предупредува дека негрижата на поранешната власт на СДСМ и ДУИ оставила сериозни последици кои допрва треба да се санираат.

Една од институциите која е во многу лоша состојба е Националниот конзерваторски центар,  најстарата матична стручна институција од областа на заштитата на културното наследство. Љутков вели дека низ годините таа е доведена до многу лоша состојба, и од кадровски и од технички аспект.

„Важно е да кажеме дека состојбата е многу лоша, но разговаравме и за изнаоѓање на решенија кои што периодот кој следи ќе мораме да ги донесеме, а тоа е да се обезбедат многу поголеми средства за работа и ќе мора да се донесат нови решенија за нови вработувања на стручен кадар кој е апсолутно потребен на оваа институција“, изјави Зоран Љутков министер за култура и туризам.

Реклама

На средбата со веде директорката, Ангелина Поповска, и со вработените се запозна за тековните проекти, чија реализација не е почната делумно поради малкуте средства што се издвојувале, а во голем дел поради неажурноста на претходното раководство.

Министерот нформираше за дефицитот на стручен кадар, административни и помошно-технички лица, и нагласи дека Владата и Министерството многу сериозно гледаат на овој проблем и најави решенија.

„Разговаравме на сериозни проблеми за намалување на кадарот во непосредната заштита во една установа која што е најстара матична која секогаш од самиот зачеток екипирала најстручни експерти. Иако сме непреполовени, туку имаме само 1/3 од потребниот кадар за оваа инстиуција да ја оствари надлежноста на најзначајното наше културно наследство“, изјави Анѓелина Поповска директорка на Националниот конзерваторски центар.

Од 2025  вработените ќе се фокусираат на одредени проекти што ќе бидат затворени од прва до последна фаза. На тој начин министерот очекува дека ќе реализираат голем број проекти. Следната година ќе се доделат средства што ќе бидат доволно за да се финализира проектот за конзервација и реставрација на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во манастирскиот комплекс Матејче.

На средбата стана збор и за реставрација, санација и ревитализација на конакот во Лешочкиот манастир „Св. Атанасие“.  Љутков се запозна и со релативно лошата состојба во која се наоѓа зградата, за што најави дека следната година ќе бидат издвоени средства за надминување на ваквите затекнати состојби со објектот. Ова беше една од неговите редовни работни посети на македонските културни објекти. Претходно ги посети Музејот на Македонија, Стариот амам“ во Тетово, како и Музејскиот комплекс во Охрид кои претходната власт исто така ги остави во многу лоша состојба.

Љубиша Владимиров