Реклама

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

Македонија

Во Галате денеска е мирно – градоначалникот на Врапчиште со порака „да не се повтори“, мештаните нема да дозволат меѓуетнички тензии и верска омраза

Откако вчера пропадна обидот на групата граѓани која иницираше обнова на црквата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Откако вчера пропадна обидот на групата граѓани која иницираше обнова на црквата Света Петка во селото Галате за средба, денеска претставници на Тетовско – гостиварската епархија се сретнаа со градоначалникот на општина Врапчиште Исен Шабани. Од епархијата велат дека поддржуваат изнаоѓање на решение по законски пат.

„Целта на средбата е да се изнајде заедничко мирно законско решение за искушението во с. Галате во духот на традиционално добриот меѓуверски соживот во гостиварско.“

Градоначалникот Шабани пак во изјава за медиумите во неколку наварати иницијаторите на обновата на црквата ги нарече криминална група позади која тврди дека не стојат МПЦ и црковниот одбор во селото Галате.

Реклама

„Јас како градоначалник и апелирам на оваа криминална група уште еднаш да не се случи оваа работа. За што треба да се обратат официјално и легално. Ние како општина помагаме тука не се работи за ништо друго освен узурпација и демолација на објектот.“

По прекинот на работите на терен, вчера тензијата ексалираше откако лицата што ја иницираа обновата на храмот бараа средба со Исени кој услови да не се снима со мобилни и тие одбиле. На барање на полицијата не го напуштиле објектот на општината и двајца биле приведени а потоа пуштени. МВР апелираше на воздржаност од било какви тензии околу овој настан а поред премиерот Христијан Мицкоски се работи за изолирани инциденти кои ќе следат и во следниот период.

„Она што е интересно е што на социјалните медиуми на едно од лицата, излегоа некои слики коишто го гледаат во друштво на политички активни ликови, ако се земе предвид и политичката провениенција и поддршката на градоначалникот во општина Врапчиште, но и се уште полициската структура којашто е во ОВР Гостивар, тогаш многу лесно може да се дојде до заклучокот дека ова е дел од оној фолклор којшто се подготвува за сеење етничка, верска нетрпеливост и обид за дестабилизација.“

Приведувањето на лицата го осуди екс министерот за внатрешни и пратеник од СДСМ Оливер Спасовски. Вели дека проблемот треба да се реши во рамки на институциите.

„Неоправдано е и го осудувам приведувањето на било кој во еден ваков случај и секако дека не треба да се посегнува по ваков начин на однесување кога станува збор за верски објект. Не треба да си играме со правата на вероисповест и се што треба да се решава, треба да биде меѓу институциите на системот и преку дијалог да се дојде до решение.“

Околу случувањата и полициската интервенција при обидот на група граѓани да се обнови црквата Света Петка, жителите на селото Галате вчера се состанале и се оградиле од настанатата ситуација. Велат дека сите несогласувања и проблеми треба да се решаваат на мирен и законски начин, без поттикнување на омраза и тензии. Каков е статусот на објектот на црквата и дали незаконски се изведувале активности проверува и јавното обвинителство.