Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Мицкоски: Целта на Владата е подобрување на здравствената заштита на секој граѓанин, се прошири позитивна листа на лекови по пауза од повеќе од десет години

Мицкоски посочи дека приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мицкоски посочи дека приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии.

Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поздравам на денешниот политички дијалог, кој што е од особена важност, затоа што допира едно значајна тема, која што го засега секој од нас: обезбедување пристап до основните лекови за сите наши граѓани. Овој собир ја одразува непоколебливата заложба на Владата за заштита на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин, заложба што лежи во сржта на нашата мисија. Пристапот до безбедни, ефективни, висококвалитетни и достапни лекови не е само приоритет на здравствената заштита – тоа е основно право што силно влијае на нашата колективна благосостојба и нашите заложби да го подобриме квалитетот на животот на секој еден поединец, истакна денес премиерот Христијан Мицкоски.

-Оваа Влада, постигна значајна пресвртница со проширувањето на Позитивната листа на лекови по пауза од повеќе десет години. Ова е доказ за нашата посветеност и проактивен пристап и желба за континуитет во справувањето со еден од најитните предизвици во нашиот здравствен систем. Сепак, иако овој преземен чекор означува напредок, нашите заложби не завршуваат тука. Предизвиците со кои се соочуваме бараат континуирана работа, секојдневна посветеност и решителност, рече тој.

Реклама

Мицкоски посочи дека приоритет е да се обезбеди секој граѓанин да има пристап до лековите што му се потребни без да се соочи со финансиски потешкотии.

-Наша должност да ги заштитиме граѓаните и да му служиме на нашиот народ. За да ги надминеме постоечките предизвици и да ја постигнеме посакуваната мисија, мораме неуморно да работиме. Мораме да ја зајакнеме соработката на сите институции од Владата и да ги вклучиме сите релевантни партнери. Негуваме подлабока соработка помеѓу Министерството за здравство, Министерството за финансии, Министерството за дигитализација, Фондот за здравствено осигурување, Агенцијата за лекови и медицински помагала, Дирекцијата за е-здравство и другите клучни чинители. Овој заеднички пристап ќе ни овозможи поефикасно да се справиме со постоечките предизвици и да спроведеме одржливи решенија. Нашата заедничка цел е да изградиме здравствен систем кој вистински ја одразува нашата посветеност за подобрување на здравјето и благосостојбата на секој граѓанин. Работејќи заедно со посветеност, решителност и јасност, можеме да ги надминеме предизвиците пред нас и да создадеме иднина во која пристапот до основните лекови не е само стремеж, туку реалност за сите, рече премиерот.

Мицкоски изрази лична благодарност до сите национални институции и поединци за посветеноста и соработката во овој витален потфат, како и до Светската здравствена организација за континуираната поддршка во развојот на здравствениот систем на нашата земја.

-Заедно, го кроиме патот кон поздрава иднина за секој наш граѓанин. Државата да создава за секој еден граѓанин, рече Мицкоски.