Реклама

Николоски од Брисел: Инвестициите во инфраструктурата и растот на економијата препознаени и потврдени од Европската Унија

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Македонија

Средби на министерот Тошковски со амбасадорите на Босна и Херцеговина и Холандија

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Mинистерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со амбасадорот на Босна и Херцеговина, Н.Е. Драган Јачимовиќ.

Министерот Тошковски ја потенцираше одличната досегашна соработка со Министерството за безбедност на Босна и Херцеговина и изрази подготвеност за продлабочување на соработката, меѓу другото, и преку усогласување на неколку акти, како што се Меморандумот за поддршка и соработка во областа на заедничките обуки и Протоколот за соработка во областа на форензичките испитувања и вештачења,  кои ќе овозможат олеснување на ваквата соработка.

Исто така, денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба и со холандската амбасадорка  Н.Е. Озлем Канел, на која се разговараше за реформите во безбедносниот сектор и соработката на заедничките проекти и прашања од областа на безбедноста.

Реклама

Беше разговарано за склучување на договор за полициска соработка меѓу владите на двете земји, кој ќе ја дефинира соработката во областите на борбата против екстремизмот и тероризмот, борбата против трговијата со дрога, како и во областа на форензиката, компјутерскиот криминал итн.