Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Стојкоски: „Новите владини мерки за житопроизводителите се од помош за земјоделците, ама ќе преговараме и за уште други неопходни мерки“-

Новата дополнителна помош од државата за плус 3 денари по килограм предадена…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новата дополнителна помош од државата за плус 3 денари по килограм предадена пченица, како и зголемувањето на субвенциите за јачменот од 6.000 на 12.000 денари по хектар, несомнено дека ќе помогне за одржливоста на производството на овие две култури. Но, за да има зголемување на површините и приносите, ќе мора уште да се работи на оваа проблематика, и тоа сега, и веднаш кога есенската сеидба е на прагот, велат од македонската Асоцијација на земјодолци и фармери.

„Она што сакаме да го потренцираме, сакаме прво со министерот да го разговараме, а јас верувам дека ќе најдеме решение, за да не’ убедат нас земјоделците за да имаме поголемо производство на тие зрнести производи..За потребите на Македонија немаме доволно пченица во текот на една цела година. Имаме ние потенцијал, имаме земја, имаме сончеви денови, сите услови ги имаме, треба само подобро да се организираме“, изјави Перо Стојкоски, претседател на Асоцијацијата на земјоделци и фармери на Македонија.

  Филип Костиноски е млад земјоделец. Има седум членови во семејството од три генерации и сите живеат исклучиво од земјоделството. Произведуваат буквално се’, од градинарски производи до тутун, пченица, јачмен и сончоглед на површина од околу 35 хектари, а чуваат и стока. Вели, задоволен е од актуелните напори на ресорното Министерство во насока на идно порентабилно земјоделско производство. Ама и тој мисли дека овде никако не треба да се запре, туку напротив – треба да се работи уште повеќе и постратешки за сите земјоделски гранки.

Реклама

„Жито имам околу 20 хектари, 10 хектари сончоглед..ценава не е добра. На 10 денари, јас по 10 денари го предадов, не е добра. Е сега, со овие 3 денари што ни ги даваат дополнителни, со нив можеме нешто да покриеме за сеидбава, инаку…годинава 5 хектари планирам да посеам жито на оваа цена, оти бев во загуба многу и кај нас приносот е многу мал, по 300 кг дава по декар“ – ни рече Филип Костиноски, млад земјоделец.

Инаку, на почетокот од неделава, Владата ги изгласа двете нови програми за поисплатливо производство на пченицата и јачменот, а министерот Цветан Трипуновски кажа дека интенцијата на оваа Влада е Македонија по секоја цена да го врати епитетот на солидна аграрна земја каде Владата ќе биде доверлив и сигурен партнер на македонските земјоделци, особено во зедничкото донесување на идните национални аграрни стратегии.

Каролина Дурло