Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Судски си тера по свое-Правници критикуваа дека за случајот „Рамадани“, членовите не си ја завршиле работата

Судскиот совет наместо да утврдува ланец на одговорност за бегството на поранешниот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиот совет наместо да утврдува ланец на одговорност за бегството на поранешниот командант на УКЧ Блерим Рамадани, тој на седница само ја констатираше фактичката состојба за одлуката на судијата Пајазит Пајазити, коментира дел од правната фела.

Прво ефективен, па домашен притвор за Рамадани одлучил судијата Пајазити без да  наведе кои се сменетите околности, констатира Судскиот совет на последната седница без да ја соопшти одлуката за евентуалната одговорност на судијата.

За одлуката на Врховниот суд за повторно одлучување за екстрадацијата на Рамадани, според адвокатот Димитар Савовски, тоа не е ништо друго, освен „по свадба тапани“, со оглед на тоа што Рамадани побегна.

Реклама

На седницата на Судски освен што не се дискутираше за постапувањето за Пајазити, Судскиот совет избра да ја игнорира и контроверзната одлука на тројцата судии, колеги на Пајазити од Кривичен за екстрадацијата на Рамадани. Според Врховен, тие донеле незаконита одлука за неопределување екстрадиција во истиот случај. Врховните судии им напишале на нивните колеги да се преиспитаат што донеле и да донесат „законита одлука“.

Случајот Рамадани предизвика бура од реакции и политички препукувања не само кај домашната јавност туку и во регионот. За неговото бегство, СДСМ и ВМРО ДПМНЕ меѓусебно се обвинуваа, досека официјален Белград побара објаснување од државните органи како е можно некој кој е во домашен притвор баран со меѓународна потерница да побегне.

Рамадани врз основа на меѓународната потерница издадена до Интерпол од Србија, беше уапсен на 17 јули 2024 година на граничниот премин Јажинце и однесен на 30 дена екстрадиционен притвор во затворот во Шутка. Содржината на налогот за апсење се заснова на сомневањата на Србија дека Рамадани, како поранешен војник на УЧК, извршил воени злосторства во регионот на Неродиме.

На 1 август, мерката на Рамадани  од Кривичниот суд му беше преиначена од „притвор“ во „куќен притвор“ и тој, според решението, беше упатен на адреса во Скопје.

Со оваа одлука се предвидуваше тој да остане во „куќен притвор“ до 16 август, но ден претходно судот достави документација до МВР за распишување на централна потерница бидејќи тој веќе не беше достапен на органите на прогонот.