Реклама

Лекарската комора два месеци “обезглавена” – лекарите бесни бараат нов претседател

Селата кај Штип одбранети, огнот ставен под контрола

Скопје доби градски воз: Условите на првата делница од Зелениково до железничката станица европски

Бугарската полиција слепа пред Симеон Михајлов: Осуден за обид за убиство во Македонија, а слободно шета низ Софија

Јаневска: резултатите од реформите ќе се видат за пет до шест години години

13-годишникот кој со нож прободе врсник нема кривично да одговара, неговиот постар брат оди во притвор

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Прилози

Нови 1.000 работни места: Поставен камен темелник на фабриката за литиумски батерии

Нови 1.000 работни места ќе отвори најновата странска инвестиција во Македонија. БМЗ…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови 1.000 работни места ќе отвори најновата странска инвестиција во Македонија. БМЗ Груп влегува со 65 милиони евра, а фабриката за литиумски батерии треба да почне со работа во мај 2025-та. Премиерот Христијан Мицкоски изрази задоволство од овој постигнат договор, за кој вели ќе помогне во растот на македонската економија, бидејќи се очекува да има високи приливи во буџетот од извоз. Порача дека во првите години се очекува истиот да биде меѓу 35 и 40 милиони евра, 60 милиони во првите три години, со можност понатаму да достигне и 130 милиони евра. Премиерот најави и дека се очекуваат уште нови инвестиции до крајот на годинава.

-Во тек се преговори за проширување на две веќе постоечки инвестиции од странските инвеститори, но и една нова која што ја преговараме и сме во завршна фаза со уште една многу голема и моќна европска држава, членка на Европската Унија. Се надевам и сум сигурен дека и таа ќе се заврши до крајот на годината, со што мислам дека сериозно ќе биде исцрпен потенцијалот, човечкиот потенцијал за ваков тип на инвестиции кај нас, изјави Мицкоски.

Големо задоволство од постигнатиот договор изрази и генаралната директорка на БМЗ Груп, Јелица Ивановска. Вели со најновата инвестиција ќе се прошири работата на оваа компанија, а бројот на вработени, кои во моментов е 110, ќе се зголеми за седум до десет пати. Вели целта на фабриката е преку Македонија да биде поблиску од европскиот пазар.

Реклама

-Ова ќе биде нова и модерна фабрика и планирано е да имаме во првата фаза која што сега ја градиме, да имаме 40 линии да донесеме, а вкупниот број на вработени треба да стаса меѓу 770 и 1.000 вработени. Целта на постоењето на фабриката во Македонија е за да може да бидеме блиску до европскиот пазар, изјави Ивановска.

Мицкоски вели дека охрабрува растот на индустриското производство. Според него тоа е доказ дека бизнис заедницата има доверба во институциите. Очекува ситуацијата да биде уште подобра наредниот период, бидејќи нема да има несигурни политички состојби, кои често знаат да ги одвратат инвеститорите.

-3,8 проценти имаме пораст на индустриското производство после неколку месеци пад. Падот во мај месец беше и двоцифрен, мислам дека беше 11 или 12 проценти. Така што после неколку месеци пад, конечно во јули. имаме пораст. Како тоа можеме како првичен индикатор да го толкуваме, дека конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, имаме стабилна клима, изјави Мицкоски. 

Според Мицкоски во растот на економијата ќе помогнат и парите од заемот од Унгарија, кој веќе помина на владина седница и наскоро треба да се најде пред пратениците. Премиерот очекува овие средства да допринесат и за позитивно придвижување на бруто домашниот производ.

Матеја Петровски