Реклама
Македонија

Тошковски: Личните документи се вадат во законски предвиден рок

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прогласи крај на кризата со чекање…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски прогласи крај на кризата со чекање за подигнување на нови лични документи и недоволен број на обрасци. Рече дека тие се вадат во законски предвидениот рок.

– Од сега па натаму ќе може да си го остварат во законски предвидениот рок правото кое што им следува. Знам дека повеќе не е тема во јавноста, затоа што повеќе не е проблем, но ние ветивме дека же го решиме и ете го решивме,рече Тошковски.

Министерот додаде дека полицијата секогаш ќе биде максимално фокусирана да ги поедноставува постапките.Додаде дека за месец и пол дена ќе започне реновирањето на пунктот залични документи во зградата на МРТ.