Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Експерти: Граѓаните треба да помогнат за да профукционира планот на Мицкоски за искоренување на корупцијата

Власта тргна со сите оружја во борбата со корупцијата. Ако најавите резултираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Власта тргна со сите оружја во борбата со корупцијата. Ако најавите резултираат со пријавување од граѓаните и правовремена реакција на институциите Македонија брзо ќе дојде и до „нулта корупција“. Експерти коментираат дека пораките кои ги испраќа премиерот Мицкоски за отворено пријавување на корупција од сити функционери и јавната администрација можно е да наиде на отпор кај пониските ешалони но секако народот мора да помогне да се стави крај на девијатното однесување.   

  • Дефинитно секоја најава за борба против корупцијата е за поздравување. Очекувам конекретни чекори и конкретен начин и на нивно реализирање. Македонија уште од незавиноста па и претходно има проблем со корупцијата и нерегуларности при бројни активности. Тоа го гледаме во принципот на вработувањата и унапредувањата, и на кариерниот раст и на тендерите на јавните набавки.. Најавата од овој тип од страна на премиерот, ја гледам за поздравување, прашање е колку тоа ќе наиде на отпор кај пониски ешалони на луѓе, и колку декларативно самиот народ кој вели дека е за борба против корупцијата ќе дозволи тоа да се реализира затоа што самите сме свесни дека за корупција се потреби двајца. Еден што дава корупција, и друг што ја прифаќа играта односно ја прифаќа корупцијата“ вели Александар Ристевски.

Ристевски очекува и граѓаните да покажат колку сакаат борбата со корупцијата да се сведе на нула. Наместо да даваат мито, коруптивнте службениците да ги пријавуваат а надлежните институции соодвено и брзо да реагираат.

  • Самата можност за пријавување на корупцијата и брзото реагирање на институциите ќе покаже колку оваа борба е реална и има желба со истата да се справиме. Доколку профункционира линија, електронска, телефонска или било каква за пријавување, и институциите на системот, значи контролните механизми од типот на полицијата, инспекциските и надзорните служби и самата извршна власт решат да се справат со корупцијата ќе покаже дали имаме желба да се справиме со тоа“ вели Ристевски.

Ова не е прв пат премиерот Мицкоски децидно да најави нов пристап на Владата и без пардон за партнерите па дури и неговите сопартијци. На партискиот роденден додека Мицкоски се уште беше мандатар испрати идентични пораки: со засукани ракави на работа уште од првиот ден – наместо скандали како до сега, да испорачаат резултати и да ја оправдаат довербата од граѓаните.